Фернандо Алонсо за британското издание на мотоспорт вели дека Мекларен наскоро може да "заборави" на своите ривали од среднината на ф1 поредокот и да го нападне Ред Бул.
Шпанецот заврши на петтото место во Австралија, при тоа успешно бранејќи се од РБ14 на Макс Ферстапен.
Постигнатиот резултат беше потпомогнат од грешката на Ферстапен, излегувањето на ВБВ, откажувањето на возачите на Хас,
Мекларен беше шестиот најбрз тим во квалификациите, но Алонсо веќе смета дека тие може да се впуштат во борбата со Ред Бул, најбрзиот тим придвижуван од Рено погонските единици.
"Дефинитивно, ќе биде подобро и подобро. Има многу потенцијал во болидот, кој што треба да се извади од него. Тоа беше само прва трка на Мекларен со Рено, и се надевам дека од Бахреин ќе видиме уште еден чекор напред и Ред Бул ќе биде следната цел."
"Тие сеуште се пред нас, во ексклузивна група со Мерцедес АМГ и Ферари. Но, Мекларен е подготвен да влезе во таа група и во наредните неколку трки, се надевам дека ќе ја заборавиме средината поредокот и со нетрпение очекуваме да ги предизвикаме привилегираните три топ-тимови."
"Постои потенцијал во болидот, не гледам никаква причина зошто не би биле во таа група на следните трки. Не можеме да заборавиме дека многу доцна одлучивме да ја замениме Хонда со Рено, па затоа мораше да ги редизајнираме некои делови што веќе ги имавме направено за задниот дел на болидот."
"Интеграцијата меѓу Мекларен и Рено сеуште не е 100%, а во наредните трки нашиот болид ќе биде се побрз и побрз."
АПЕТИТИТЕ НА МЕКЛАРЕН СЕ ЗГОЛЕМУВААТ
4/03/2018 11:14:00 AM
0
Share to other apps