На својата јубилејна 200-та трка, Себастијан Ветел во Мелбурн по 100-ти пат се искачи на Победничкиот Подиум. Ќе има добра забава вечерва во таборот на Италијанците и нивната база во Маранело.
Себастијан Ветел: "Одлична трка, но навистина имав среќа со Виртуелното Безбедносно возило. Трибините се преполни со фанови, и јас уживав во последниот круг, на враќањето до боксевите."
"Ако зборуваме за трката, јас очекував да надоместам позиции на стартот, но, тоа не се исполни, бев трет. До крајот на првиот стинт, заостанував малку зад Кими и Луис, додека, при вториот стинт на меките гуми се чувствував многу посигурен."
"Се молев за безбедносното возило, и кога видов застанат болид на патеката, помислив, тоа е тоа, но не беше распоредено ВБВ или пак ВБ. Меѓутоа, речиси веднаш по само уште еден круг, нов болид застана на патеката. Беше воведено ВБВ, адреналинот беше на високо ниво, но, морав да имам добар пит-стоп, без никакви проблеми."
"Ситуацијата беше на граница, излегов буквално пред Луис. Во Мелбурн е тешко да се претекне, но, на почетокот на вториот стинт, Луис правеше сериозен притисок. Само во последните пет круга бев во можност малку да се опуштам и да уживам во трката."
"Да, денес имавме среќа. Во саботата, Луис имаше импресивен круг, ја освои Пол позицијата и денес многу сигурно го контролираше текот на трката. Имавме среќа да излеземе пред него, па денес може да прославуваме."
"Сè уште го немаме постигнато идеалното однесување на болидот, ако не го чувствувате 100%, тој е потежок за возење, но, победата е одличен почеток на сезоната, тоа ќе ни даде дополнителна мотивација за следните недели."
ВЕТЕЛ: ОДЛИЧЕН СТАРТ НА СЕЗОНАТА
3/25/2018 01:05:00 PM
0
Share to other apps