Новиот, целосно електричен Формула Е болид официјално беше презентиран денес, 6 Март, на штандот на ФИА на Саемот за автомобили во Женева. Формула Е болидот од втората генерација ќе се натпреварува во текот на следните три сезони на Формула Е, почнувајќи од петтата сезона кон крајот на 2018 година.
Покривката беше повлечена од претседателот на ФИА, Жан Тод, и основачот и извршен директор на Формула Е, Алехандро Агаг, користејќи роботска рака обезбедена од страна на главниот спонзор - АББ. Презентацијата се одржа пред медиумите, специјални гости, како и производителите и тимови кои се натпреваруваа во оваа серијата на ФИА.
Освен впечатливиот нов изглед на Формула Е болидот, најзначајната промена доаѓа под каросеријата, каде акумулаторите сега имаат двојно поголем капацитет за складирање на енергијата што им е достапна на тимовите и возачите. Значи, повеќе нема да има потреба од промена на болидот во средината на трката.
Заедно со подобрениот капацитет, зголемена е и максималната излезна моќност на болидот на 250kW, што ќе дозволи на достигнување на максимална брзина до 280км/ч.
Како и во Ф1 и овој болид има една мана, а тоа е ХАЛО-системот, кој мора да признаеме многу подобро е вклопен во овој болид отколку кај нашиот омилен мотоспорт.
ФЕ болидот ќе има и иновативна лента со ЛЕД осветлување, која ќе им овозможи на фановите подобро следење на стратегијата на нивниот омилен тим или возач. Таа ќе укажува на работи како што се различни режими на моќност и други информации поврзани со трката. Повеќе детали ќе бидат откриени пред почетокот на сезоната пет.
Болидот од втората генерација на Формула Е, повторно ќе биде снабдуван со пневматици од Мишелин , кои се специјално дизајнирани за уникатните барања на уличните трки. Новите пневматици ќе бидат полесни од сегашните, со значително помал отпор при тркалање и нов графички дизајн.
ОФИЦИЈАЛНО ПРЕЗЕНТИРАН ФЕ БОЛИДОТ ОД НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА
3/06/2018 11:29:00 AM
0
Share to other apps














