Според Рос Браун, спортскиот директор на Формула 1, за време на Големата Награда на Бахреин, се одвиваа две различни трки. Тоа се должи на фактот што групата со најбрзите болиди беше предалеку од остатокот од учесниците.
"За жал, всушност гледавме две трки. Во отсуство на возачите на Ред Бул на патеката имаше борба меѓу два тима, Ферари и Мерцедес АМГ, а зад нив имаше трка во која учествуваа сите останати. Само шест возачи ги комплетираа сите 57 предвидени круга, а разликата помеѓу Луис Хамилтон и четвртото место на Пјер Гасли беше огромна."
"Сепак, разликата во перформансите на Ф1 тимовите не е изненадување, ако се потсетиме дека минатата сезона, од вкупно 60 места на подиумот во текот на целата сезона, само еден возач кој не е дел од Ферари, Мерцедес АМГ или Ред Бул се најде на подиумот. Тоа беше Ленс Строл со 3-тото место на трката во Баку за тимот на Вилијамс."
"Резултатите од неделната трка во Бахреин беа уште една потврда за потребата да се направи нешто. На Формула 1 тимовите и ФИА, во петокот во Бахреин, им ја презентиравме нашата визија за иднината на овој врвен мотоспорт. (ПОВЕЌЕ СО КЛИК ТУКА.)"
"Заедно со ФИА, сакаме да работиме во оваа насока, со цел Формула 1 да биде поспектакуларен и интересен спорт. Што е најважно, неопходно е да го направиме тоа заради нашето најголемо богатство, за доброто на фановите."
РОС БРАУН: ФОРМУЛА 1 ТРЕБА ДА БИДЕ СПЕКТАКУЛАРЕН СПОРТ
4/10/2018 08:20:00 PM
0
Share to other apps

