Ф1 тимовите веќе се во Кина во пресрет на третата трка од 2018 Формула 1 сезоната, која ќе се одвива на меѓународната патека Шангај. Кога парите се основно нешто во Формула 1 мотоспортот, Кинескиот пазар никако не може да биде одминат. Регионот на Шангај станува познат по мотоспорт трките, т.е. место каде се одвиваат повеќе мото настани од светски ранг, па градот генерира специфичен шарм на авто-културата со голем број потенцијални потрошувачи.
Меѓународната патека Шангај е како динамичен пејзаж, со својата огромна главна трибина и елиптичен Падок клуб, кој е преплетен со многу мостови, и со сигурност може да се каже дека е една од најубавите патеки во Ф1 Шампионатот. Во меѓувреме, изгледот на апартманите на тимовите во падокот е незгоден да се разбере како древна кинеска поговорка. Тие се поставени за да личат на "Шанг" кинеска буква, што значи "високо/над".
Првиот комплекс кривини на оваа патека е еден од најтешките во Ф1 Шампионатот и потребен е прецизен пристап и излез од нив. Започнува со вртење од 270 степени кон десно кое бара агресивен влез, кочење при целата кривина, за да на крај следи ненадејна промена на насоката. По оваа кривина следува серија на брзи кривини повторно правец и уште еден сет на кривини слични на тие од број 1 до 3, но во обратна насока.
Следува уште еден долг правец кој завршува со кривина од 180 степени, принудувајќи ги возачите да кочат од 315 до 65км/ч. Тоа воедно е едно од најдобрите места за претекнување.
Пирели во Кина ги носи белите медиум, жолтите меки и виолетовите ултра-меки смеши. Последната е втора најмека гума во нивната палета, со брзо загревање и голем грип. Сепак, бидејќи е толку мека, има мал животен век. Оваа комбинација, за прв пат се појавува на Шангај Интернационалната патека, кога имаме прескокнување на една смеша според степенот на мекост.
Жолтата мека смеша се користеше на секоја од досегашните трки, додека белата медиум смеша беше искористена на последната трка во Бахреин. Виолетовата ултра-мека смеша беше достапна на Австралиското ГП. За време на трката возачот мора да употреби две од трите достапни смеши, ако сака може да ги користи и сите три.
Околу 80% од кругот се свиоци, што значи дека дејството на страничните сили е клучен фактор. Возачите ќе треба да го избегнуваат пролизгувањето на задните тркала, со цел да се минимизира нивната деградација.
ДРС зоните, за разлика од претходните две трки, на оваа остануваат исти како и минатата година. Точката на детекција на првата зона е кај 12-от свиок, а точката за активирање е 752м пред 14-от свиок. Точката на детекција на втората зона е 35м пред 16-от, со активација на 98м. по 16-от свиок.
За време на Големата Награда на Кина, минималните температури ќе се движат од 11-12 степени Целзиусови, а максималните ќе достигнат од 19-22 степени. Дождливо време се предвидува за петок и сабота.
Релативната влажност се движи од 51 процент (благо влажно) до 91 процент (многу влажно), со точка на росење од 4 степени (суво) до 16 Целзиусови степени (удобно). Ветерот ќе биде умерен и нема да преставува проблем за тимовите.
Резултатите од претходните две трки го зголемија нивото на интерес за овој тркачки викенд. Победите на Ферари ги окуражија фановите на тимот, дека, конечно доминацијата на Мерцедес АМГ е под закана.
Битката помеѓу црното коњче и сребрените стрели во Мелбурн се реши преку ВБВ, во Бахреин стратегиски со ризичен последен стинт, но и казната на Хамилтон беше од голема помош.
Сите се надеваат на нова и пожестока ДИРЕКТНА битка на асфалтот за време на Кинеското Гран При.
Во случај Ферари да излезе како победник, дури тогаш ќе може да кажеме дека Италијанците се достоен противник и не очекува интересна сезона пред нас.
Себастијан Ветел доаѓа во Кина понесен од двете победи, со кои го повтори успехот од 2011 година, сезона кога ја освои неговата втора
Шампионска титула.
Германецот има предност од 17 поени над Луис Хамилтон, но, возачот на Мерцедес АМГ има рекорди постигнувања во Шангај. Тој со пет победи е возачот со најдобри постигнувања на оваа патека.
Овој викенд Хамилтон би можел да го собори рекордот на Раиконен од 27 последователни завршувања во бодови. Во меѓувреме, двојната дисквалификација на болидите на Ред Бул во Бахреин доведе до крај на нивната низа од 39 последователни трки во бодови.
Што ќе провладува, историска или тековна форма? Се надеваме на уште еден фасцинантен викенд пол со акција. ВРЕМЕНСКИ РАСПОРЕД ТУКА.
НАЈАВА НА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА КИНА
4/12/2018 11:22:00 AM
0
Share to other apps