Валтери Ботас верна сенка на својот тимски колега, но, за разлика од минатата сезона, не можеше да го предизвика за најбрзото време во нити еден момент од денешните тренинг сесии.
Себастијан Ветел со Ферари ја намали разликата до најбрзото време за една десетинка и сега изнесуваше 0.236 делови од секундата за трето најбрзо време, победувајќи ги возачите на Ред Бул, Рикиардо пред Ферстапен.
Кими Раиконен повторно во епизодна улога, ни подолу, нити погоре од 6-тото место на табелата, со речиси 7 десетинки заостанување.
Како и во предпладневната сесија, и на оваа болидите се бореа за што подобар грип, па многу од возачите имаа извртувања или моменти на излетување надвор од патеката.
Црвените знамиња беа развеани кога Пјер Гасли со болидот на Торо Росо имаше излетување врз високите рабници, при тоа уништувајќи ја предната лева амортизација.
Механичарите на Торо Росо успеаа да ја заменат на време за Французинот повторно да излезе на асфалтот, но овој инцидент треба да им послужи на останатите возачи дека излетувањето над рабниците може да ги чини многу.
Роман Грожан и Кевин Магнусен на одличните шесто и седмо место за тимот на Хаас, единствените во разлика под една секунда од водечкиот Мерцедес АМГ. Пјер Гасли со Торо Росо и Штофел Вандорн со Мекларен го заокружуваат пласманот на најбрзите десет возачи.
Како што стојат работите, Мерцедес АМГ е тимот што треба да се победи, имаат предност во квалификациско и тркачко темпо. Неколку десетинки зад нив е Ферари, додека Ред Бул според тркачко темпо е во заостанување од неколку десетинки зад Италијанците. Ги чека напорна работа во текот на ноќта, доколку сакаат да ги победат Сребрените Стрели.
Викендот во Австрија продолжува со саботниот тренинг, од 12:00-13:00 часот, по кој следуваат Квалификаците од 15:00 часот по македонско време. Директен пренос на ТВ 24Вести.
| 2018 АВСТРИЈА ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:04.579 | 37 | |
| 2 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:04.755 | + 0.176 | 42 |
| 3 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:04.815 | + 0.236 | 53 |
| 4 | Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:05.031 | + 0.452 | 48 |
| 5 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:05.125 | + 0.546 | 48 |
| 6 | Кими Раиконен | Ферари | 1:05.265 | + 0.686 | 42 |
| 7 | Роман Грожан | Хас | 1:05.429 | + 0.850 | 38 |
| 8 | Кевин Магнусен | Хас | 1:05.559 | + 0.980 | 41 |
| 9 | Пјер Гасли | Торо Росо | 1:05.758 | + 1.179 | 31 |
| 10 | Штофел Вандорн | Мекларен | 1:05.930 | + 1.351 | 47 |
| 11 | Карлос Саинц ЈР. | Рено | 1:05.999 | + 1.420 | 38 |
| 12 | Чарлс Леклерк | Заубер | 1:06.096 | + 1.517 | 30 |
| 13 | Естебан Окон | Форс Индија | 1:06.133 | + 1.554 | 43 |
| 14 | Маркус Ериксон | Заубер | 1:06.199 | + 1.620 | 29 |
| 15 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:06.273 | + 1.694 | 42 |
| 16 | Сергеј Сироткин | Вилијамс | 1:06.326 | + 1.747 | 49 |
| 17 | Брендон Хартли | Торо Росо | 1:06.332 | + 1.753 | 55 |
| 18 | Серџо Перез | Форс Индија | 1:06.354 | + 1.775 | 48 |
| 19 | Фернандо Алонсо | Мекларен | 1:06.429 | + 1.850 | 33 |
| 20 | Ленс Строл | Вилијамс | 1:06.626 | + 2.047 | 44 |
| ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА - РЕД БУЛ РИНГ 2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:09.542 2015 Себастијан Ветел - Ферари - 1:09.600 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:07.967 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:05.483 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:04.579 |
|||||
| @МкФормула1 - Република Македонија | |||||





