Валтери Ботас се повлече од трката по проблемите со менувачот, додека стратегиската грешка на инженерите во Мерцедес АМГ при ВБВ ја уништија трката за Луис Хамилтон, за подоцна капак на се да биде и неговото повлекување од трката поради губење на притисокот на горивото.
На стартот Хамилтон и Раиконен агресивно го нападнаа Валтери Ботас во првиот свиок, но, кога веќе го имаа поминато Раиконен влезе во заветрина на Хамилтон и нападна за водечкото место во 3-от свиок, но тркалата блокираа и тој мораше да направи поширок лак низ свиокот.
Тоа му овозможи на Ферстапен да нападне на излезот од истиот свиок, но нападот на Холанѓанецот беше агресивно одбиен. Кога двајца се караат трет користи, па така тоа го искористи Ботас кој беше во можност да ги претекне двајцата и се врати на второто место по 4-от свиок.
Битката помеѓу Раиконен и Ферстапен продолжи и понатака, па два свиоци подоцна имаше мал контакт помеѓу нив двајцата, момент што го деконцентрираше Финецот, излезе надвор од патеката и му дозволи на возачот на Ред Бул да се пробие напред.
Ботас не претставуваше никаква закана за Хамилтон, пред тој да забави во 14-от круг, а потоа и се паркира покрај патеката поради губење на хидрауличниот притисок.
Тоа предизвика период на ВБВ, кога сите водечки болиди, освен Хамилтон, влегоа во бокс за промена на гумите. Тоа се покажа како голема стратегиска грешка, по што главниот стратег на Мерцедес, Џејмс Волс, мораше да се извинува по тимското радио.
Ферстапен се врати на патеката 13 секунди зад Хамилтон, кој остана уште 10 круга на асфалтот, но разликата не се зголемуваше. Кога замина по нови гуми, Британецот се врати на четвртото место, а водството му го препушти на Холанѓанецот.
Неколку круга подоцна, лошиот ден на Хамилтон продолжи со нокдаунот од страна на Себастијан Ветел, директно претекнување од неговиот лут ривал за Шампионската титула.
Хамилтон доживеа комплетен нокаут десетина круга подоцна кога поради проблеми со притисокот на горивото се паркираше покрај патеката, што беше крај на трката за него. Со ова заврши и неговата низа од 33 последователни трки во поени, која траеше од 2016 Малезискотото Гран При.
Водечката тројка имаше лесен стинт до самиот финиш, со тоа што Раиконен се доближи на две секунди од Ферстапен, но немаше обид за претекнување. Трето пласираниот Ветел, кој стартуваше од 6-тата позиција и падна на осмото место по првиот свиок, со освоените 15 поени се враќа на врвот во генералниот пласман со само еден поен предност пред Луис Хамилтон.
Роман Грожан го заврши својот пост во стил со четвртото место за Хас, најдобриот резултат во историјата на овој Американски тим. Неговиот тимски колега, Кевин Магнусен, исто така, ги искористи откажувањата на сребрените стрели и Даниел Рикиардо, за пласман на 5-тото место, пред возачите на Форс Индија, Серџо Перез пред Естебан Окон.
Фернандо Алонсо со старт од пит-линијата и стабилното 19-то место во почетниот стадиум на трката, го искористи периодот на ВБВ и долгиот втор, но и побрз стинт, за освојување на осмото место. Напредокот вклучуваше и интересно претекнување на Чарлс Леклерк, кој го врати деветтото место во последниот круг од својот тимски колега Маркус Ериксон, откако Швеѓанецот беше пуштен од обид да го фати и да го помине Алонсо на поновите гуми. Сепак тоа беше двоен финиш во поени за тимот на Заубер.
2018 АВСТРИСКО ГРАН ПРИ - РЕД БУЛ РИНГ 71 круга, 306.452км., Време: Сончево |
|||
ПЛАСМАН: | |||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
1. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1ч21:56.024 |
2. | Кими Раиконен | Ферари | + 4.504 |
3. | Себастијан Ветел | Ферари | + 3.181 |
4. | Роман Грожан | Хас | + 1 круг |
5. | Кевин Магнусен | Хас | + 1 круг |
6. | Естебан Окон | Форс Индија | + 1 круг |
7. | Серџо Перез | Форс Индија | + 1 круг |
8. | Фернандо Алонсо | Мекларен | + 1 круг |
9. | Чарлс Леклерк | Заубер | + 1 круг |
10. | Маркус Ериксон | Заубер | + 1 круг |
11. | Пјер Гасли | Торо Росо | + 1 круг |
12. | Карлос Саинц ЈР. | Рено | + 1 круг |
13. | Ленс Строл | Вилијамс | + 2 кругa |
14. | Сергеј Сироткин | Вилијамс | + 2 кругa |
15. | Штофел Вандорн | Мекларен | дефект |
НАЈБРЗ КРУГ: КИМИ РАИКОНЕН - 1:06.957 | |||
БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
16. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | дефект |
17. | Брендон Хартли | Торо Росо | дефект |
18. | Даниел Рикиардо | Форс Индија | дефект |
19. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | дефект |
20. | Нико Хулкенберг | Рено | дефект |
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
***ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ПО 9 ТРКИ*** | |||
ВОЗАЧИ: | |||
1. | Себастијан Ветел | 146 | |
2. | Луис Хамилтон | 145 | |
3. | Кими Раиконен | 101 | |
4. | Даниел Рикиардо | 96 | |
5. | Макс Ферстапен | 93 | |
6. | Валтери Ботас | 92 | |
7. | Кевин Магнусен | 37 | |
8. | Фернандо Алонсо | 36 | |
9. | Нико Хулкенберг | 34 | |
10. | Карлос Саинц ЈР. | 28 | |
11. | Серџо Перез | 23 | |
12. | Естебан Окон | 19 | |
13. | Пјер Гасли | 18 | |
14. | Чарлс Леклерк | 13 | |
15. | Роман Грожан | 12 | |
16. | Штофел Вандорн | 8 | |
17. | Ленс Строл | 4 | |
18. | Маркус Ериксон | 3 | |
19. | Брендон Хартли | 1 | |
20. | Сергеј Сироткин | 0 | |
КОНСТРУКТОРИ: | |||
1. | Ферари | 247 | |
2. | Мерцедес АМГ | 237 | |
3. | Ред Бул | 189 | |
4. | Рено | 62 | |
5. | Хас | 49 | |
6. | Мекларен | 44 | |
7. | Форс Индија | 42 | |
8. | Торо Росо | 19 | |
9. | Заубер | 16 | |
10. | Вилијамс | 4 |