Патеката Хокенхајм ќе биде домаќин на 36-тата Ф1 трка во својата историја и место каде ќе се одвива Големата Награда на Германија по 63-ти пат. Тркачката треска започнала кога на 29 мај 1932 година се одржал настанот под име "1st motorcycle race". Во тоа време, никој не можел да предвиди какво влијание тоа ќе има врз овој мал град, кој со тек на времето ќе стане познат низ целиот свет.
84 годишната историја на моторни трки била сведок на многу рекордни подвизи и моменти на спортска слава. Сите познати тркачки легенди минале низ познатата Баден траса, гледани од страна на милиони посетители на трибините, но исто така и од фановите низ целиот свет преку многуте телевизиски преноси од патеката.
Тоа е една од ретките патеки со традиција, која лесно им конкурира на новите модерни патеки, и уште припаѓа во врвот на меѓународните тркачки патеки. Формула 1 трка за прв пат се одржала тука во 1970 година, и е еден од најголемите национални спортски настани за Германија. Барем така беше низ историјата, дали тоа ќе остане и во иднината останува да видиме.
Денешниот распоред на патеката за прв пат беше употребен во 2002 година, кога долгите правци кои поминуваа низ густата шума беа отфрлени, па денес таа е нешто пократка од 5 километри во должина.
Сепак, Хокенхајм нуди комбинација на спори, средно-брзи и свиоци кои се поминуваат со големи брзини. Последниот сектор е оној што може да создаде тешкотии на гумите, додека трите ДРС зони можат да донесат некои интересни податоци во однос на максималните брзини. Со оглед на природата на патеката, треба да очекуваме дека 14-годишниот рекорд на Кими Раикконен ќе биде под закана овој викенд.
Организаторите се надеваат за голема посета, поради едногодишната пауза, и копнеат за враќање на големите редици од фанови, кои порано до доцна во ноќта чекале на излезните капии од патеката, надевајќи се дека ќе се сретнат со својот омилен возач.
Легендата вели дека, тогаш, некои возачи се криеле во багажниците на автомобилите или носеле лажни перики и бради за да не бидат "нападнати" од бројните посетители. Сето ова викендот во Хокенхајм го прави уникатен и посебен.
Хокенхајмринг спаѓа во брзите патеки, слична по својата поставеност на неодамна посетената Ред Бул ринг, благодарение на низата од средно-долги правци во првата половина од кругот, на кои болидите ќе забрзуваат над 300км/ч, за на крај да следуваат зони на нагло сопирање.
Главната можност за претекнување е шестиот свиок, каде болидите се приближуваат со брзина поголема од 330км/ч, по што следи забавување од 6G, за да се стигне до безбедните 75км/ч за поминување на истиот.
Силното сопирање и повеќето тркачки линии низ овој свиок се главните фактори за претекнување. Вториот дел од патеката е далеку побавен, со што се создава простор за интересни компромиси при подесувањето на болидите.
Со оглед на претходно споменатите карактеристики на оваа патека, од Пирели се решија да ги номинираат ултра-меката, меката и медиум смешите. Оваа комбинација беше последно искористена во Кина, придонесувајќи за возбудлива стратешка битка.
Најважно ќе биде менаџирањето на задните гуми, на место каде е се во сопирањето и доброто "лепење" на болидот врз асфалтот. Површината на истиот е доста мазна, така што не се очекува посериозно абење или деградација на гумите.
Времето во Германија во ова време од годината е познато по својата непредвидливост, со можност за сонце и пороен дожд. Во 2016 година, Луис Хамилтон беше победник со три застанувања во бокс, користејќи ги супер-меките и меките гуми.
Влегувајќи во овој викенд, Себастијан Ветел, по неговата четврта победа во сезоната на Големата Награда на Велика Британија, носи тесна предност од осум поени над главниот ривал за титулата Луис Хамилтон.
Во меѓувреме, три последователни пласмани на победничкиот подиум го задржаа Кими Раиконен на третото место во генералниот пласман на возачи, со10 поени предност во однос на Даниел Рикиардо.
Во битката за Титулата кај конструкторите, успешната низа на резултати од страна на Ферари, ги стави во предност од 20 поени пред тимот на Мерцедес АМГ, додека Ред Бул на третото место, заостанува 68 поени зад Англо-Германскиот тим.
ГН ГЕРМАНИЈА: ВРАЌАЊЕ НА ИСТОРИСКИОТ ХОКЕНХАЈМ
7/19/2018 11:07:00 AM
0
Share to other apps