Мерцедес АМГ и Луис Хамилтон денеска објавија дека ја продолжуваат нивната соработка со нов двегодишен договор за 2019 и 2020 година. Откако се придружи на Сребрените стрели во 2013 година, Британецот досега има освоено 3 Шампионски Титули и 44 Победи со тимот, а до крајот на 2020 година ќе забележи осум сезони како возач на Мерцедес АМГ, најдолгиот период кој го има поминато во еден тим.
Исто така, од неговото деби во Формула 1 во 2007 година, во секоја трка тој управуваше болид придвижуван од моторите на Мерцедес-Бенц. Неговата кариера со вкупно 65 Победи во Формула 1 го става на второто место на листата по вкупен број на Победи зад Михаел Шумахер. Преку овие достигнувања, Луис го заработи своето место во историјата како најуспешен возач во 112-годишната тркачка традиција на Мерцедес-Бенц.
Луис Хамилтон коментираше: "Продолжувањето на договорот во основа беше чиста формалност, бидејќи Тото и јас веќе се договоривме во текот на зимата, па затоа е добро што тоа го официјализиравме, за да продолжите со нашата работа како и обично. Јас сум дел од Мерцедес тркачкото семејство веќе 20 години и никогаш не сум бил посреќен во тимот отколку што сум во моментов. Ние сме на иста бранова должина и на и надвор од патеката. Јас сум многу уверен дека Мерцедес АМГ е вистинското место за следните години."
"Иако од 2013 година бележиме толку многу успеси, Мерцедес АМГ се уште е гладен за победи. Натпреварувачкиот дух во мене е споделен од секој член на оваа група, секогаш се брка наредното подобрување и се работи понапорно за да се осигураме дека ќе бидеме на врвот. Со нетрпение очекувам да видам што можеме да постигнеме заедно во следните две и пол сезони."
Тимскиот шеф и извршен директор,Тото Волф, вели: "Ние ги потпишавме последните документи оваа недела и не сакавме да чекаме ни минута повеќе! Нема што многу да се зборува за Луис, што веќе не е кажано, тој е еден од најдобрите возачи на сите времиња и неговите постигнувања зборуваат за себе. Но, она што најмногу уживам во работата со него е да го запознаам човекот под кацигата. Убеден сум дека имаме уште неколку неверојатни поглавја од нашата приказна."
ЛУИС ХАМИЛТОН И МЕРЦЕДЕС АМГ ЈА ПРОДОЛЖИЈА СОРАБОТКАТА
7/19/2018 03:42:00 PM
0
Share to other apps