Мерцедес АМГ денес ја комплетираше својата возачка постава за 2019 сезоната, и потенцијално 2020, со официјализирање дека Валтери Ботас ќе остане со тимот.
28-годишниот Финец потпиша едногодишен договор, со можност истиот да биде продолжен за уште една година.
Откако се придружи на Мерцедес АМГ на почетокот од 2017 година, Ботас забележа 3 Победи и 5 Пол позиции. Минатата сезона, негова прва со тимот, тој одигра клучна улога во освојувањето на четвртата последователна Шампионска Титула кај конструкторите.
Валтери Ботас коментираше: "Ова е одлична вест што ќе се натпреварувам за Мерцедес АМГ и во 2019 година и се чувствувам пријатно што тоа го објавивме тука во Хокенхајм, која не е само домашна трка за Мерцедес АМГ, туку и патека на која ја забележав мојата прва победа во едносед во далечната 2007 година. Немав премногу среќа во досегашниот тек од сезоната, но тимот знае како функционирам и ова е одличен знак дека имаат доверба во мене и моето возење. Уживам во работата со тимот, пријатели сме со Луис, имаме добри односи, чесни и директни, секогаш со цел да ги забележиме најдобрите резултати за Мерцедес АМГ."
Тимскиот шеф и извршен директорТото Волф изјави: "Ние сме многу задоволни што го продолживме договорот со Валтери за уште една сезона и што можеме да ја потврдиме истата постава на возачи и за 2019 година, пред нашата домашна трка во Хокенхајм. Тој беше одличен оваа сезона и кога ја донесеме одлуката за 2019 година, не се работеше само за неговата несомнена брзина и работна етика, туку и прашање на карактер. Неговиот однос со тимот, вклучувајќи го и Луис, е отворен и доверлив, без никаква политика воопшто. Тоа се состојките што ви се потребни кога се борите со силни ривали и со нетрпение очекуваме да прославиме многу повеќе успеси со него."
МЕРЦЕДЕС АМГ ЈА ОБЕЗБЕДИ СВОЈАТА ВОЗАЧКА ПОСТАВА
7/20/2018 11:04:00 AM
0
Share to other apps