Италијанецот најбрзото време го забележа на хипер-меката смеша на Пирели, која што не беше достапна за возачите на Унгарското Гран При. Сепак, ова време е за нешто повеќе од половина секунда побрзо од она што го имаа Себастијан Ветел и Кими Раиконен во текот на тркачкиот викенд на ултра-меката смеша. Како што знаеме квалификациите, кога ги имаме најбрзите времиња се возеа на дожд.
СПОРЕДЕНИ ВРЕМИЊА | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | С |
1. | Антонио Џовинаци | Ферари | 1:15.648 | / | ХМ |
2. | Себастијан Ветел | Ферари | 1:16.170 | + 0.522 | УМ |
@МкФормула1 - Република Македонија |
Но, две нешта може да се извлечат како сигурен заклучок, Џовинаци имаше успешен ден кој ќе придонесе за исполнување на неговата желба, возачко место во Ф1 и ГРЕШКАТА на Пирели што не ја номинираше хипер-меката смеша за изминатата трка. Со сигурност ќе имавме многу поинтерсна битка и помеѓу стратегиите на тимовите.
Младите Британски надежи, Ландо Норис и Џорџ Расел, водечките во Ф2 шампионатот, добија уште една шанса од Мекларен и Мерцедес АМГ, а сесијата ја завршија на четвртото и петто место на табелата.
Форс Индија и Вилијамс го тестираа поедноставеното предно крило кое ќе се користи на болидите веќе од следната 2019 година. На патеката, независно од тековната тест сесија возеше и Шон Гелајл кој ги тестираше прототиповите на 2019 Пирели гумите.
Индонезиецот набрзо по поставувањето на најбрзото негово време го оштети болидот на Торо Росо, кога излета при 11-от свиок, по што следеше црвено знаме и предвремен крај на тест програмата на Пирели.
ВТОРА СЕЗОНСКА ТЕСТ СЕСИЈА ХУНГАРОРОИНГ 31 ЈУЛИ, ВТОРНИК ПРВ ТЕСТ ДЕН |
|||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | К/С |
1. | Антонио Џовинаци | Ферари | 1:15.648 | 96(ХМ) | |
2. | Маркус Ериксон | Заубер | 1:18.155 | + 2.507 | 95(ХМ) |
3. | Брендон Хартли | Торо Росо | 1:19.251 | + 3.603 | 126(УМ) |
4. | Ландо Норис | Мекларен | 1:19.294 | + 3.646 | 107(УМ) |
5. | Џорџ Расел | Мерцедес АМГ | 1:19.781 | + 4.133 | 49(СМ) |
6. | Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:19.854 | + 4.206 | 125(УМ) |
7. | Николас Латифи | Форс Индија | 1:19.994 | + 4.346 | 103(М) |
8. | Нико Хулкенберг | Рено | 1:20.826 | + 5.178 | 63(Ме) |
9. | Оливер Роланд | Вилијамс | 1:20.970 | + 5.322 | 65(М) |
10. | Шон Гелајл* | Торо Росо | 1:21.451 | + 5.803 | 109(Т) |
ХМ - Хипер-мека
УМ - Ултра-мека
СМ - Супер-мека
М - Мека
Ме - Медиум
*Т - Пирели тест на 2019 смеши
@MkFormula1 - Republic of Macedonia |