Добивката не се распределува подеднакво туку по однапред одредена шема која се заснова на нивната финална позиција во шампионатот на конструктори од претходната година, плус во зависност од поединечните договори што ги имаат со менаџментот на Формула 1.
Во табелата подолу е прикажана тековната распределба, која ексклузивно беше објавена од англискиот веб портал Ф1 Фанатик. Тимот на Хас има најголемо зголемување во приходите во споредба со своите конкуренти, затоа што по Топ 10 пласманот во две последователни сезони се квалификува за плаќање од колоната 1. Нивната заработка ќе се зголеми за 176%.
Поволните комерцијални услови на Мекларен со Ф1 значи дека ќе добијат четврто најголемо учество во приходот на Ф1 и покрај тоа што минатата година завршија деветти од десетте тимови.
Незивесен е делот за Форс Индија, тим кој минатиот петок објави стечај, а со тоа го губи правото на тој приход.
Сегашната платежна структура беше договорена од Берни Еклстоун и ќе трае до крајот на 2020 година. Либерти Медиа, новиот сопственик на Ф1, предложи нова структура за плаќање која ако се официјализира треба да стапи во сила од 2021 година.
Приходите се распределуваат на следниов начин:
Финансиските средства од првата колона се распределуваат подеднакво помеѓу сите тимови кои завршиле во Топ 10 пласман во две од изминатите три сезони.
Финансиските средства наменети за втората колона се делат помеѓу Топ 10 пласманот од минатогодишниот шампионат, при што шампионот добива 19% од нив, а последниот тим 4%.
Згора на тоа, Ферари добива уникатен бонус (Б1) за "долгогодишен тим", четири тимови добиваат дополнителен конструкторски бонус (Б2), а Ред Бул, Мерцедес АМГ и Вилијамс добиваат дополнителни бонуси (Б3). Тимовите ги добиваат своите исплати во серија од 10 рати. Последната рата се исплаќа во месец март следната година.
РАСПРЕДЕЛБА НА 2018 ДОБИВКА | ||||||||
ТИМ | 1 | 2 | Б1 | Б2 | Б3 | ВКУПНО | +/- | П. |
Ферари | 24.9 | 39.9 | 52.4 | 29.9 | / | 147.2 | 10.4 | 2 |
Мерцедес АМГ | 24.9 | 47.3 | / | 29.9 | 26.6 | 128.8 | -1.1 | 1 |
Ред Бул | 24.9 | 32.4 | / | 26.8 | 26.6 | 110.7 | -11.7 | 3 |
Мекларен | 24.9 | 12.5 | / | 24.3 | / | 61.7 | -12 | 9 |
Вилијамс | 24.9 | 24.9 | / | / | 7.6 | 57.5 | -2.6 | 5 |
Форс Индија | 24.9 | 27.4 | / | / | / | 52.4 | 2.4 | 4 |
Рено | 24.9 | 22.4 | / | / | / | 47.3 | 7.8 | 6 |
Торо Росо | 24.9 | 17.5 | / | / | / | 42.4 | -2.4 | 7 |
Хас | 24.9 | 15 | / | / | / | 39.9 | 25.5 | 8 |
Заубер | 24.9 | 10 | / | / | / | 34.9 | -2.4 | 10 |
* милиони фунти
@МкФормула1 - Република Македонија |