Себастијан Ветел Унгарското Гран При го заврши на второто место и вели дека тоа бил нивниот максимум.
"Комплицирана трка. Нашите стартни позиции не ја одразуваа брзината на болидот. Денес го имав истото темпо како Луис.
На мое изненадување, трката ја започнав прилично добро на потврдата смеша на Пирели. Тоа е голем плус."
"Стигнав до третото место, а потоа направивме се како што треба. Беше проблематично да се погоди вистинскиот момент за промена на гумите. Имав незгоден пит-стоп и се вратив на патеката зад Валтери."
"Сфатив дека нема да можам да го претекнам, бидејќи неговите гуми се уште беа премногу нови. Како резултат на тоа, возев зад него и го чекав вистинскот момент за да го нападнам, во последните 10 кругови."
"Планот беше успешен. Состојбата на неговите гумите драстично се влоши. Според искуството од првиот стинт, одприлика знаев колку ќе издржат меките гуми и не се сомневав дека на крајот ќе го претекнам."
"Се разбира, второто место не е она што го посакувавме за овој викенд, но за денес тоа беше нашиот максимум. Не очекував контакт во вториот свиок, бидејќи веќе бев напред. Не се обидов да сопирам, ја задржав тркачката линија и одеднаш почувствував удар. Имав среќа што болидот не се оштети, па ја продолжив трката."
"Среќен сум што можам да видам дека нашиот болид е брз, досега добро функционираше на секоја патека, па мислам дека тоа е најважното нешто. Нашиот болид има голем потенцијал, па, започнувајќи го летниот одмор се чувствувам опуштено, за трките што следуваат."
ВЕТЕЛ: ВТОРО МЕСТО БЕШЕ НАШИОТ МАКСИМУМ ЗА ДЕНЕС
7/29/2018 08:47:00 PM
0
Share to other apps