Луис Хамилтон ја забележа својата шеста победа во Унгарија. Сега, во генералниот пласман на возачи, неговата предност во однос на Себастијан Ветел достигна релативно високи 24 поени.
"Денес е одличен ден, и одлично е што имаме толку многу фанови на трибините! Нашиот тим одлично работеше. Знаевме дека овој викенд Ферари ќе биде многу брз, но успеавме да заработиме многу поени, кои ги прифаќам со благодарност. Овој резултат го заслуживме со нашите напори.''
"На физички план, трката се покажа како напорна, иако на некој може да му се чини дека само го контролирав темпото. Сега сакам да го прославам овој успех со тимот, со благодареност на сите вработени на патеката, во Беркли и Бриксворт!''
"Одиме на летен одмор, кој нема да го поминам на плажа. Планирам активен одмор, ќе тренирам напорно и ќе се подготвувам за преостанатите трки."
"Убаво е што се потрошивме толку многу на крајот на првата половина на сезоната, јас сум неизмерно благодарен на тимот, кој продолжува да ги поместува границите на нашиот болид."
"Момците заслужија пауза, по што ќе работиме двојно повеќе на сегашниот болид и ќе се подготвуваме за следната сезона."
ХАМИЛТОН: ЗНАЕВМЕ ДЕКА ФЕРАРИ ЌЕ БИДАТ БРЗИ, ЗАТОА ПОБЕДАТА Е ПОСЛАТКА
7/29/2018 08:15:00 PM
0
Share to other apps