Ферари секогаш е порезервиран на овој прв тренинг, а Себастијан Ветел го имаше третото најбрзо време со половина секунда заостанување. Следуваат возачите на Ред Бул, разделени од Кими Раиконен во разлика нешто помалку од секунда.
Останатите болиди се надвор од опсегот на најбрзите три тима и големо заостанување од речиси две секунди. Повторно најбрз од нив е Роман Грожан со болидот на Хас, но и излетување и судир со заштитните бариери. Штетата е од поголем размер, потребна му е нова шасија, со што денот за Французинот е завршен.
Во Мерцедес АМГ се решија да го променат моторот во болидот на Ботас како мерка на претпазливост по проблемите со хидрауликата во Австрија. Истиот ќе биде испратен во нивната база и ако биде дадено зелено светло, што е многу веројатно, тој повторно ќе се користи во Германија.
За дополнителни казни за Ботас не може да стане збор, но сега Финецот нема повеќе мотори на располагање. Напомена: Моторот е само еден дел од хибридните ПЕ.
Вториот слободен тренинг кој треба да ни донесе многу порелевантни времиња како показател за перформансите на болидите ќе започне во 15:00 часот по македонско време.
2018 БРИТАНСКО ГП - ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:27.487 | 24 | |
2 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:27.854 | + 0.367 | 27 |
3 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:27.998 | + 0.511 | 22 |
4 | Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:28.144 | + 0.657 | 30 |
5 | Кими Раиконен | Ферари | 1:28.218 | + 0.731 | 24 |
6 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:28.325 | + 0.838 | 24 |
7 | Роман Грожан | Хас | 1:29.352 | + 1.865 | 12 |
8 | Серџо Перез | Форс Индија | 1:29.812 | + 2.325 | 23 |
9 | Естебан Окон | Форс Индија | 1:29.815 | + 2.328 | 24 |
10 | Ленс Строл | Вилијамс | 1:29.878 | + 2.391 | 25 |
11 | Маркус Ериксон | Заубер | 1:29.942 | + 2.455 | 25 |
12 | Пјер Гасли | Торо Росо | 1:30.004 | + 2.517 | 31 |
13 | Чарлс Леклерк | Заубер | 1:30.027 | + 2.540 | 27 |
14 | Кевин Магнусен | Хас | 1:30.065 | + 2.578 | 20 |
15 | Фернандо Алонсо | Мекларен | 1:30.322 | + 2.835 | 19 |
16 | Карлос Саинц ЈР. | Рено | 1:30.358 | + 2.871 | 22 |
17 | Штофел Вандорн | Мекларен | 1:30.416 | + 2.929 | 25 |
18 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:30.701 | + 3.214 | 18 |
19 | Брендон Хартли | Торо Росо | 1:30.749 | + 3.262 | 31 |
20 | Сергеј Сироткин | Вилијамс | 1:31.017 | + 3.530 | 22 |
ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА -СИЛВЕРСТОУН 2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:34.508 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:34.155 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:31.660 2017 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:29.106 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:27.487 |
|||||
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |