Мекларен - Голем тим со големи проблеми, самиот наслов кажува многу. За разлика од минатата сезона можеби изгледа чудно да се каже дека тимот е во криза кога е во првите шест во шампионатот на конструктори, но кога името на тимот е Мекларен, очекувањата се едноставно поголеми од тоа.
Кога ќе го слушнете шефот на тимот, Зак Браун, како објаснува дека MCL33 има помала потисна сила од својот претходник, ја разбирате големината на проблемите.
Во средата се случи реконструкција на раководниот персонал, придружена со оставката на Ерик Булие, тркачкиот директор на тимот. Се надеваме дека тоа е првиот чекор кон напред.
Со многу ограниченото време за употреба на воздушниот тунел, па дури и работата со CFD, решавањето на овој фундаментален проблем нема да биде едноставна задача.
Денешниот тренд на развој на Формула 1 е еволуција не револуција, но второто е она што му треба на Мекларен, ако сака да ја врати својата мината слава. Освен недостаток на коњски сили, следната полоша работа во Формула 1 е потисната сила. Тоа е неприфатливо во врвниот мотоспорт.
МЕКЛАРЕН - ГОЛЕМ ТИМ, СО ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ
7/06/2018 03:32:00 PM
0
Share to other apps