По завршувањето на ГН на Германија, Луис Хамилтон мораше да се објаснува со стјуардите поради инцидентот на влезот во боксевите, но на крајот ја задржа победата.
"Никогаш не сум доживеал трка како оваа. Знаев дека ќе стартувам од долниот дел на гридот, по што морав да ги стигнам возачите од горниот дел, тоа беше мојата цел. Јас имав многу долг прв стинт, но морав да влезам во бокс непосредно пред да започне дождот, бидејќи гумите едноставно не можеа да издржат повеќе."
"Врнеше се повеќе и повеќе и асфалтот беше лизгав, но кога веќе толку напредував, немаше шанси да се откажам од нападите. Тоа резултираше со 1-2 Победа за Мерцедес АМГ, за време на викендот кога тимот ја покажа својата доверба во нас со потпишување на нашите договори. Тоа е огромно задоволство."
"Јас никогаш не ни помислив дека би можеле да направиме такво нешто денес, но јас само продолжив да форсирам, постојано верував и тоа се случи."
"Се молев како што секогаш го правам тоа пред трката и ми се чини дека молитвите беа услишени. Имаше многу негативности овој викенд, но, се чувствувам како дождот да ја изми сета таа негативност. Ова беше вистински сон и трка што секогаш ќе ја паметам."
ХАМИЛТОН: ОВА БЕШЕ ТРКА ЗА ПАМЕТЕЊЕ
7/22/2018 10:22:00 PM
0
Share to other apps