Во Хокенхајм, победата по подолго време му беше на дофат, но Себастијан Ветел направи почетничка грешка на дождот и заврши во чакалот и бариерите покрај патеката. Уште еднаш се потврдува дека Хокенхајм навистина не му одговара, а вината целосно ја презеде врз себе.
"Кога болидот застана во бариерата, сфатив дека нема да можам да излезам. Не беше некоја голема грешка, но имаше големо влијание на мојата трка. Мислам дека вечерва нема да можам да спијам затоа што направив таква грешка, јас сум разочаран, бидејќи до тој момент сè одеше без проблеми. Не ни требаше дожд."
"Во секој случај, имаме брз болид, можеме да бидеме сигурни во нашите предности повеќе од сите други. Викендот беше многу позитивен, но што се случи, се случи. Моја грешка, се извинувам на тимот. Ние направивме се како што треба, трката беше во моите раце, но јас направив грешка, што е разочарување."
"Во тој период од трката гумите за суво беа вистинскиот избор. Друга работа е што моите не беа нови, па затоа беше потешко да се задржи ситуацијата под контрола. Јас кочев подоцна, ги блокирав предните и задните тркала, и поради тоа не можев да свртам."
Ветел, исто така, искоментира и за радио-комуникацијата со тимот, која заврши со негово пропуштање од страна на Кими Раиконен.
"Кими и јас бевме на различни стратегии, јас заглавив зад него и не разбрав што е нашиот план, да ги чувам гумите или да го престигнам. Како резултат на тоа, имаше многу комуникација по врските, но сега тоа и не е толку важно."
ВЕТЕЛ: ВЕЧЕРВА НЕМА ДА МОЖАМ ДА ЗАСПИЈАМ
7/22/2018 09:29:00 PM
0
Share to other apps