Валтери Ботас и Кими Раиконен со пласман на Победничкиот Подиум, по одличната улога на втори возачи.
Една трка на врвот, на друга на дното, тоа е неизвесноста што ја носи Ф1 Шампионатот кога борбата за првото место е блиска.
На стартот Себастијан Ветел имаше нешто послаб старт од Валтери Ботас, но Германецот зазеде добра одбранбена позиција во првиот свиок и го задржа водството. Зад нив Макс Ферстапен го нападна Раиконен, но повторно возачот на Ферари ја задржа својата позиција, т.е. третото место. Поназад во поредокот, Нико Хулкенберг узпеа да го претекне Роман Грожан за шестото место.
Хамилтон, пак, од 14-тата позиција започна брзо да напредува и по шест круга, тој беше на десеттото место и во бодови. На почетокот од 9-тиот круг веќе беше на 8-то место кога ги претекна Карлос Саинц ЈР. и Роман Грожан кој имаше проблеми со задните гуми.
Даниел Рикиардо, единствениот кој трката ја започна на медиум смешата на Пирели и последниот стартен ред, исто така, започна да се пробива низ поредокот и по 11-от круг се искачи на 13 место. Тој сега беше половина секунда од Мекларенот на Фернандо Алонсо.
Хамилтон продолжи да напредува, а по 14 круга беше на петтото место зад Ферарито на Раиконен.
Следуваше потег на Ферари со воведување на Финецот во бокс по нови меки гуми, по што тој се врати на истото 4-то место, малку пред Мерцедесот на Хамилтон. Со нови гуми лесно по само неколку круга ја задржа и зголеми предноста на 3,5 секунди пред Британецот.
Хамилтон сега беше "заглавен" на четвртото место, додека Рикиардо се уште напредуваше и по 20 круга, тој беше на 10-тото место, со претекнувањето на Фернандо Алонсо и Чарлс Леклерк. Но, болидот на Австралијанецот не го издржа тоа темпо и откажа во 28-от круг, по што трката за него беше завршена.
Напред, Ветел совршено ја контролираше трката и во 19-от круг беше 4,6 секунди пред Валтери Ботас и Макс Ферстапен на уште 5,8 секунди.
Водечкиот прв се реши да ги посети своите механичари, во 25-от круг и на патеката се врати на 4-то место пред Луис Хамилтон, кој допрва требаше да го направи својот пит-стоп. Следниот потег го повлече Валтери Ботас, но тој се врати зад Хамилтон на патеката.
По влегувањето во бокс на Ветел и Ботас, водството го превзеде Ферстапен кој се реши да влезе во бокс дури во 31-от круг, по што редоследот беше Раиконен во водство, 1,3 секунди пред Ветел, Хамилтон, кој допрва требаше да застане, Ботас, Ферстапен, Магнусен, Хулкенберг, Грожан, Перез и Сајнц Јр..
Ветел набрзо почна да се жали по тимското радио дека Раиконен го задржува и дека не само што губи време, туку и ги уништува своите гуми. По долгиот разговор со главниот инженер на Ферари, на Финецот јасно му беше наредено да го пропушти својот тимски колега.
Во меѓувреме, во 42 круг, Хамилтон мораше во бокс, бидејќи неговите меки гуми започнаа да се распаѓаат, по што излезе на ултра-меката смеша, со тоа надевајќи се дека тие ќе му овозможат да ги стигне водечките болиди.
Потоа започна дождот на само еден дел од патеката, по што трката имаше драматичен пресврт. Прогнозите беа дека облакот за кратко ќе се повлече, по што повеќето возачи и водечките избраа да останат на мазните гуми. Тие што се решија за Интермедиа гумите за влажно време погрешија многу и паднаа во поредокот.
Дождот го чинеше многу водечкиот во тој момент, Себастијан Ветел, кој ја загуби контролата врз својот болид и заврши во бариерите покрај патеката. Она што до тогаш изгледаше дека ќе биде сигурна Победа, испари во секунда, и трката за него беше завршена со 0 поени.
БВ беше веднаш распоредено на патеката, по што Мерцедес АМГ како прв свој возач го повика Ботас за промена на гуми. Меѓутоа, неговите механичари не беа подготвени, по што Финецот остана 16 секунди во боксот, додека бидат пронајдени ултра-меките гуми.
Раиконен, исто така, влезе во бокс по истата смеша на гуми.
Лошиот пит-стоп на Ботас, беше среќа за Хамилтон, на кој во последен момент му беше кажано да го напушти влегувањето во пит, по што остана на патеката како водечки болид зад БВ.
По рестартот на трката на крајот од 57-от круг, Британецот издржа силен напад на неговиот тимски колега, по што поредокот се стабилизираше, дополнително и со тимската наредба на Мерцедес кон Ботас, на кој му беше наредено да ја задржи својата позиција.
Па така, Хамилтон ги предводеше Ботас и Раиконен низ целната линија 10 круга подоцна, забележувајќи ја неговата 66-та Победа во кариератата.
Ферстапен го освои четвртото место пред Халкенберг, Грожан, Перез, Окон.
Маркус Ериксон со Заубер беше деветти, а последниот поен му припадна на Брендон Хартли со Торо Росо.
2018 ГЕРМАНСКО ГРАН ПРИ - ХОКЕНХАЈМ 67 круга, 306.458км., Време: Сончево |
|||
ПЛАСМАН: | |||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1ч32:29.845 |
2. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 4.535 |
3. | Кими Раиконен | Ферари | + 6.732 |
4. | Макс Ферстапен | Ред Бул | + 7.654 |
5. | Нико Хулкенберг | Рено | + 26.609 |
6. | Роман Грожан | Хас | + 28.871 |
7. | Серџо Перез | Форс Индија | + 30.556 |
8. | Естебан Окон | Форс Индија | + 31.750 |
9. | Маркус Ериксон | Заубер | + 32.362 |
10. | Брендон Хартли | Торо Росо | + 34.197 |
11. | Кевин Магнусен | Хас | + 34.919 |
12. | Карлос Саинц ЈР. | Рено | + 43.069 |
13. | Штофел Вандорн | Мекларен | + 46.617 |
14. | Пјер Гасли | Торо Росо | + 1 круг |
15. | Чарлс Леклерк | Заубер | + 1 круг |
16. | Фернандо Алонсо | Мекларен | дефект |
НАЈБРЗ КРУГ: ЛУИС ХАМИЛТОН - 1:15.545 | |||
БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
17. | Ленс Строл | Вилијамс | дефект |
18. | Себастијан Ветел | Ферари | излетување |
19. | Сергеј Сироткин | Вилијамс | дефект |
20. | Даниел Рикиардо | Ред Бул | дефект |
2014 Н.Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч33:42.914 2016 Л.Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч30:44.200 2018 Л.Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч30:44.200 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
***ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ПО 11 ТРКИ*** | |||
ВОЗАЧИ: | |||
1. | Луис Хамилтон | 188 | |
2. | Себастијан Ветел | 171 | |
3. | Кими Раиконен | 131 | |
4. | Валтери Ботас | 122 | |
5. | Даниел Рикиардо | 106 | |
6. | Макс Ферстапен | 105 | |
7. | Нико Хулкенберг | 52 | |
8. | Фернандо Алонсо | 40 | |
9. | Кевин Магнусен | 39 | |
10. | Серџо Перез | 30 | |
11. | Естебан Окон | 29 | |
12. | Карлос Саинц ЈР. | 28 | |
13. | Роман Грожан | 20 | |
14. | Пјер Гасли | 18 | |
15. | Чарлс Леклерк | 13 | |
16. | Штофел Вандорн | 8 | |
17. | Маркус Ериксон | 5 | |
18. | Ленс Строл | 4 | |
19. | Брендон Хартли | 2 | |
20. | Сергеј Сироткин | 0 | |
КОНСТРУКТОРИ: | |||
1. | Мерцедес АМГ | 310 | |
2. | Ферари | 302 | |
3. | Ред Бул | 211 | |
4. | Рено | 80 | |
5. | Форс Индија | 59 | |
6. | Хас | 59 | |
7. | Мекларен | 48 | |
8. | Торо Росо | 20 | |
9. | Заубер | 18 | |
10. | Вилијамс | 4 |