Втората Сребрена стрела на Валтери Ботас, опремена со нов мотор на Мерцедес, заврши со три десетинки заостанување зад Ферари, на трето место, пред Кими Раиконен на четвртото место.
Дали Мерцедес АМГ ја залажува јавноста или Ферари го пронајдоа вистинскиот сет-ап на болидот што може да донесе неизвесна борба за Пол позицијата и Победата на неделната трка?!? Просечното време на стинтовите кои симулираа тркачко темпо на жолтата мека смеша е 1:33.1/33.5/33.8/34.1 за Хамилтон/Ботас/Раиконен/Рикиардо. Себастијан Ветел имаше стинт на медиум смешата, додека Ферстапен беше аут.
Додека работите се одвиваа добро за првите два тима, минатонеделните победници Ред Бул имаа проблематична сесија. Даниел Рикиардо заврши со осум десетинки заостанување зад најбрзото време на 5-тата позиција од табелата, но неговиот тимски колега Макс Ферстапен, надевајќи се на попладне без инциденти, откако неговиот РБ14 имаше проблеми со менувачот при крајот на првиот тренинг, сесијата ја заврши без забележано време.
Тој во еден момент ја изгуби контролата на задниот дел од неговиот болид и заврши во бариерите покрај патеката. Холанѓанецот ја уништи задната амортизација, што беше крај на неговата денешна тест програма.
Кристијан Хорнер ги минимизираше шансите за некоја казна поради промена на делови од ПЕ или менувач, бидејќи се користеле стари дотраени компоненти, но жали по изгубеното драгоцено време за подесување на болидот.
Нешто повеќе ќе дознаеме утре на саботниот тренинг во 12:00, додека Квалификациите кои се закажани за 15:00 часот по македонско време ќе ги потвдат нашите сомнежи.
2018 БРИТАНСКО ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:27.552 | 35 | |
2 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:27.739 | + 0.187 | 31 |
3 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:27.909 | + 0.357 | 29 |
4 | Кими Раиконен | Ферари | 1:28.045 | + 0.493 | 34 |
5 | Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:28.408 | + 0.856 | 31 |
6 | Фернандо Алонсо | Мекларен | 1:29.306 | + 1.754 | 31 |
7 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:29.354 | + 1.802 | 34 |
8 | Естебан Окон | Форс Индија | 1:29.467 | + 1.915 | 32 |
9 | Серџо Перез | Форс Индија | 1:29.522 | + 1.970 | 31 |
10 | Чарлс Леклерк | Заубер | 1:29.557 | + 2.005 | 30 |
11 | Карлос Саинц ЈР. | Рено | 1:29.563 | + 2.011 | 35 |
12 | Кевин Магнусен | Хас | 1:29.617 | + 2.065 | 32 |
13 | Пјер Гасли | Торо Росо | 1:29.831 | + 2.279 | 16 |
14 | Маркус Ериксон | Заубер | 1:30.046 | + 2.494 | 31 |
15 | Ленс Строл | Вилијамс | 1:30.069 | + 2.517 | 33 |
16 | Сергеј Сироткин | Вилијамс | 1:30.103 | + 2.551 | 35 |
17 | Штофел Вандорн | Мекларен | 1:30.121 | + 2.569 | 30 |
18 | Брендон Хартли | Торо Росо | 1:30.404 | + 2.852 | 35 |
19 | Макс Ферстапен | Ред Бул | / | / | 2 |
20 | Роман Грожан | Хас | / | / | 0 |
ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА -СИЛВЕРСТОУН 2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:35.424 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:34.274 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:31.654 2017 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:28.496 2018 Себастијан Ветел - Ферари - 1:27.552 |
|||||
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |