Договорот на Кими Раиконен со Ферари истекува на крајот од оваа година, а молкот од Италијанскиот тим ги зголемува шпекулациите и бројните кандидати за неговото место. Тимскиот колега, Себастијан Ветел не би имал против Финецот да остане.
"Секогаш сме имале добри односи. Во нив нема политика или други глупости, тоа е нормално машко пријателство. Се разбира, би сакал да останам во Ферари, но одлуката зависи од тимот. Јас само чекам - исто како вас. Себастијан е директен човек, и неговиот успех не го промени. По минатогодишниот судир во Сингапур, немаше конфликт или тишина. Тој секогаш признава кога погрешил, и јас сум истиот."
"Во таква атмосфера e многу пријатно да се работи и тоа помага да се изгради брз болид. Имаме една цел, да ја освоиме титулата за Ферари. И совршено се надополнуваме. Дали би му помогнал во борбата за титулата? Во одредена фаза од сезоната, интересите на тимот стануваат поважни, и јас го разбирам тоа. Во тимот сум долги години."
РАИКОНЕН: БИ САКАЛ ДА ОСТАНАМ ВО ФЕРАРИ
8/02/2018 01:34:00 PM
0
Share to other apps