Некои тимови се одлучија за драстични промени во нивните возачки постави, додека некои за континуитет. Малку по малку се формираше гридот за 2019 година, во она што беше една од најинтересните години на овој план.
Се започна со изненадувачкиот потег на Даниел Рикиардо да се пресели во тимот на Рено, што имаше за последица промовирање на Пјер Гасли како негова замена во Ред Бул и заминувањето на Карлос Саинц Јр. во Мекларен, каде се ослоби место по одлуката на Фернандо Алонсо за негово повлекување од Формула 1. Воедно тимот од Вокинг се реши да го отпушти Штофел Вандорн, за да му даде шанса на Ландо Норис.
По купувањето на Форс Индија од страна на таткото на Ленс Строл, стана јасно дека тоа ќе биде неговата следна дестинација како Ф1 возач, по што најголем губитник испадна Естебан Окон, кој имаше договор со Рено да го замени Саинц Јр. за 2019, но се пропадна кога Рикиардо потпиша за Рено.
За да бидат работите уште полоши, банкротот на Форс Индија доведе до купување на овој тим од Лоренс Строл, кој го сака неговиот син во тимот. Естебан Окон е еден од најголемите таленти на неговата генерација е принуден да биде резервен возач на Мерцедес АМГ.
Свое место во Ф1 Шампионатот за 2019 година обезбедија и Чарлс Леклерк од кој се очекува многу во тимот на Ферари, Кими Раиконен се врати во тимот за кој дебитираше, Заубер, со Антонио Џовинаци како тимски колега.
Данил Квајт доби уште една шанса од Торо Росо, каде тимски колега ќе му биде Александар Албион. Во Вилијамс, се решија за младост и искуство со Џорџ Расел и Роберт Кубица како нивни 2019 возачи.
ТИМСКИ ПОСТАВИ ЗА 2019 ГОДИНА | ||
ТИМ | ВОЗАЧИ | БРОЈ |
Мерцедес АМГ | Луис Хамилтон Валтери Ботас |
44 77 |
Ферари | Себастијан Ветел Чарлс Леклерк |
5 16 |
Ред Бул | Макс Ферстапен Пјер Гасли |
33 10 |
Рено | Нико Хулкенберг Даниел Рикиардо |
27 3 |
Хас | Роман Грожан Кевин Магнусен |
8 20 |
Форс Индија | Серџо Перез Ленс Строл |
11 18 |
Мекларен | Карлос Саинц Јр. Ландо Норис |
55 4 |
Торо Росо | Данил Квјат Алекс Албион |
26 23 |
Заубер | Антонио Џовинаци Кими Раиконен |
99 7 |
Вилијамс | Џорџ Расел Роберт Кубица |
63 88 |
ЛИНК - Инфо за возачите - ЛИНК |
Од овој список може да се забележи дека Форс Индија заминува во историјата и целосно се ребрендира како Рејсинг Поинт Ф1. Тоа ќе му стави крај на името, Форс Индија, кое е постојано присутно во Ф1 откако поранешниот тимски шеф Виџеј Малја го презеде тимот на Спајкер на крајот од 2007 година.
Потврдени се и броевите на новите Ф1 возачи, Ландо Норис од Мекларен ќе се трка со бројот 4, Џорџ Расел останува препознатлив со бројот 63, додека Антонио Џовинаци во Заубер ќе се трка со бројот 99. Ф1 повратникот Роберт Кубица се одлучи за бројот 88 со Вилијамс, додека новиот возач на Торо Росо, Александар Албон го избра бројот 23, половина од Валентино Роси.
Норис, Кубица и Џовинаци избрааа броеви што веќе се кориселе во Ф1 по промената на системот за нумерирање во 2014 година. 4-ката му припаѓаше на Макс Чилтон, 88 на Рио Харијанто и 99 го користеше Адријан Сутил.
ОФИЦИЈАЛЕН КАЛЕНДАР ЗА 2019 ГОДИНА | ||
П. | TРКА | ПАТЕКА |
1. | Австралија | Алберт Парк - 17 Март |
2. | Бахреин | Бахреин - 31 Март |
3. | Кина | Шангај - 14 Април |
4. | Азербејџан | Баку - 28 Април |
5. | Шпанија | Каталуња - 12 Мај |
6. | Монако | М.Карло - 26 Мај |
7. | Канада | Жил Вилнев - 9 Јуни |
8. | Франција | Пол Рикард - 23 Јуни |
9. | Австрија | Ред Бул Ринг - 30 Јуни |
10. | Британија | Силверстоун - 14 Јули |
11. | Германија | Хокенхајм - 28 Јули |
12. | Унгарија | Хунгароринг - 4 Август |
13. | Белгија | СПА-Франкоршамп - 1 Септември |
14. | Италија | Монца - 8 Септември |
15. | Сингапур | Сингапур - 22 Септември |
16. | Русија | Сочи - 29 Септември |
17. | Јапонија | Сузука - 13 Октомври |
18. | Мексико | Браќа Родригез - 27 Октомври |
19. | Америка | Остин - 3 Ноември |
20. | Бразил | Хозе Карлос Пејс - 17 Ноември |
21. | Абу Даби | Јас Марина - 1 Декември |
ЛИНК - Детален Временски Распоред - ЛИНК |
КАЛЕНДАР НА ПРЕД-СЕЗОНСКИ ТЕСТ СЕСИИ (официјален) |
||
П. | МЕСТО | ДАТА |
1. | Барселона | 18-21 Февруари 2019 |
2. | Барселона | 26 Фев - 1 Март 2019 |
КАЛЕНДАР НА СЕЗОНСКИ ТЕСТ СЕСИИ (официјален) |
||
П. | МЕСТО | ДАТА |
1. | Сахир | 2-3 Април |
2. | Барселона | 14-15 Мај |
3. | Јас Марина | 3-4 Декември |
Последен со критики кон новите прописи е Енди Грин, техничкиот директор на Рејсинг Поинт. Според него ревидираните предни, задни и странични крила, се "најлошиот можен исход", бидејќи тие имаат негативно влијание врз балансот на болидите во симулациите.
Тие покажуваат со голема сигурност дека ќе имаме значително побавни болиди и по неколку секунди, додека добивките за болидот што се наоѓа назад се минимални. Секако, се ова треба да добие потврда во пракса, а тоа ќе се знае на пред-сезонските тест сесии во Барселона.
ПРЕЗЕНТАЦИИ НА БОЛИДИ | ||
П. | ТИМ/ПЕ | ДАТА |
1. | МЕРЦЕДЕС АМГ Мерцедес ПЕ |
W10 EQ Power ЛИНК |
2. | ФЕРАРИ Ферари ПЕ |
SF90 ЛИНК |
3. | РЕД БУЛ Хонда ПЕ |
RB 15 ЛИНК |
4. | РЕНО Рено ПЕ |
R.S.19 ЛИНК |
5. | ХАС Ферари ПЕ |
VF-19 ЛИНК |
6. | РЕЈСИНГ ПОИНТ Мерцедес ПЕ |
RP19 ЛИНК |
7. | МЕКЛАРЕН Рено ПЕ |
MCL34 ЛИНК |
8. | ТОРО РОСО Хонда ПЕ |
STR14 ЛИНК |
9. | АЛФА РОМЕО Ферари ПЕ |
C38 ЛИНК |
10. | ВИЛИЈАМС Мерцедес ПЕ |
FW42 ЛИНК |
@МкФормула1 - Република Македонија |
2019 ЛИСТА НА УЧЕСНИЦИ Официјален Список |
|||||
# | ВОЗАЧ | КОМПАНИЈА | ТИМ | ШАСИЈА | ПЕ |
44 77 |
Луис Хамилтон Валтери Ботас |
Mercedes-Benz GP Ltd | Мерцедес АМГ Петронас Мотоспорт |
Мерцедес | Мерцедес |
5 16 |
Себастијан Ветел Чарлс Леклерк |
Ferrari SPA | Скудерија Ферари Мисија Виноу |
Ферари | Ферари |
33 10 |
Макс Ферстапен Пјер Гасли |
Red Bull Racing Ltd | Астон Мартин Ред Бул Рејсинг |
Ред Бул Рејсинг | Хонда |
27 3 |
Никола Хулкенберг Даниел Рикиардо |
Renault Sport Racing Ltd | Рено Ф1 тим | Рено | Рено |
8 20 |
Роман Грожан Кевин Магнусен |
Haas Formula LLC | Рич Енерџи Хас Ф1 тим |
Хас | Ферари |
11 18 |
Серџо Перез Мендоза Ленс Строл |
Racing Point UK Ltd | Рејсинг Поинт Ф1 тим | Рејсинг Поинт | Мерцедес |
55 4 |
Карлос Саинц Јр. Ландо Норис |
McLaren Racing Ltd | Мекларен Ф1 тим | Мекларен | Рено |
26 23 |
Данил Квјат Алекс Албион |
Scuderia Toro Rosso SPA | Ред Бул Торо Росо Хонда |
Скудерија Торо Росо (СТР14) | Хонда |
99 7 |
Антонио Џовинаци Кими Раиконен |
Sauber Motosport AG | Алфа Ромео Рејсинг |
Алфа Ромео Рејсинг | Ферари |
63 88 |
Џорџ Расел Роберт Кубица |
Williams GP Engineering Ltd | Вилијамс Рејсинг | Вилијамс | Мерцедес |
@МкФормула1 - Република Македонија |