Дваесет и деветгодишниот Австралијанец, од следната сезона ќе се приклучи на тимот на Рено во наредните две сезони.
Откако се придружи на семејството на Ред Бул во 2008 година, како член на Ред Бул Јуниор тимот, со кој освои бројни титули, Даниел Рикиардо го имаше своето деби во Формула 1 во 2011 година на Големата Награда на Велика Британија.
По две сезони со Скудерија Торо Росо, Рикиардо се приклучи на Ред Бул во 2014 година и до денес забележа 7 Победи, 29 пласмани на подиумот, 2 Пол позиции и 904 поени.
Коментирајќи ја одлуката на Рикиардо, шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер изјави:
"Ние целосно ја почитуваме одлуката на Даниел да го напушти Ред Бул и му посакуваме се најдобро во неговата иднина. Би сакале да му се заблагодариме за неговата посветеност и улогата што ја имаше откако влезе во тимот во 2014 година, се разбира, седумте победи и 29-те подиуми што тој досега ги забележа со нас."
"Ние нема да брзаме со негова замена и ќе продолжиме да ги следиме бројните опции што ни се достапни, пред да одлучиме кој возач ќе биде партнер на Макс Ферстапен за следната 2019 сезона."
"Во меѓувреме, се уште има девет трки во 2018 година и целосно сме фокусирани за максимизирање на успехот за Макс и Даниел до крајот на сезоната."
Даниел Рикиардо:
"Ова беше една од најтешките одлуки во мојата досегашна кариера, но мислев дека е време да се впуштам во нов предизвик."
"Сфаќам дека Рено има уште многу за подобрување за да стигнат до целта да се натпреваруваат на највисоко ниво, но јас сум импресиониран од нивниот напредок во последните две години."
"Секој пат кога Рено е во овој спорт освојувал Шампионска Титула. Се надевам дека ќе можам да им помогнам во остварување на таа цел, надвор и на патеката."
ОФИЦИЈАЛНО: РИКИАРДО ГО НАПУШТА РЕД БУЛ, ЗАМИНУВА ВО РЕНО
8/03/2018 04:23:00 PM
0
Share to other apps