Ники Лауда, поранешен Ф1 возач и неизвршен директор на Мерцедес АМГ, поради компликации со бронхо-пневмонија, мораше да биде подлегнат на трансплантација на белите дробови. Операцијата била успешно завршена во болница во Виена.
Сепак, како и по секоја посериозна операција, состојбата на 69-годишниот Лауда се води како критична.
Од Клиничкиот центар за торокална хирургија објавија кратко соопштение: "Семејството Лауда нема да дава изјави за јавноста и побара заштита на приватноста."
Ники Лауда е во болница повеќе од една недела. Поради болест го прекина семејниот одмор на Ибица. Тој не присуствуваше на Формула 1 трките во Хокенхајм и Унгарија.
Според весникот "Österreich", Лауда фатил летен грип на Ибица, што првично го потценил. Кога симптомите се влошиле, сосопственикот и извршниот директор на авиокомпанијата Laudamotion со приватен авион допатувал во Виена за лекување.
Лауда поминал неколку дена на интензивна нега поради агресивниот вирус, пред да биде преместен во нормална соба.
Но, денес, состојбата на трикратниот Шампион во Формула 1 повторно се влошила.
Тој веќе има две трансплантации на бубрег, по инцидентот на патеката Нирбургринг во 1976 година.
Ники Лауда има два возрасни синови од неговиот прв брак, Лука(39) и Матијас(37), како и осумгодишните близнаците Макс и Миа, од неговиот втор брак.
НИКИ ЛАУДА ИМАШЕ ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА БЕЛИ ДРОБОВИ
8/02/2018 09:38:00 PM
0
Share to other apps