Луис Хамилтон ја забележа својата 79-та Пол позиција во својата кариера и беше неверојатни 6 десетинки побрз од Ферарите, кои требаше лесно да стигнат до првиот стартен ред.
"Неверојатна Пол позиција! Не можам да замислам како ми успеа, очигледно успеав да направам се како треба, на секој дел од патеката. Им благодарам на сите во тимот, целиот персонал кој неуморно работеше на новите делови со помош на кои јас бев во можност да направам еден и единствен круг! Убаво е да се видат толку многу фанови овде! Во моментов сум преплавен со емоции! Срцето ми чука со забрзано темпо. Можеби ова е еден од најдобрите кругови за пол позиција на кој што се сеќавам!"
Макс Ферстапен го забележа второто најбрзо време на денешните квалификации. Во талентот на Холанѓанецот, повеќе никој не се сомнева, но, и болидот на Ред Бул покажа дека има толку ефикасна шасија што на оваа улична патека го компензира дефицитот на моќта на моторот на Рено.
"Да бидам искрен, се чувствувам како да сум победник! Денес имав многу проблеми, дури и во текот на квалификациите, моторот работеше нерамномерно, па резултатот потврдува колку е добар нашиот болид! Се разбира, утре имам добри шанси, мора да внимавам на стартот, а потоа се можни сите сценарија. Главната работа е да се справиме со моторот до утре, но барем сум задоволен од однесувањето на болидот."
Себастијан Ветел го забележа третото најбрзо време со огромно заостанување зад Британецот, по што тој очигледно беше многу незадоволен од неговиот настап.
"Не го имаме најдобриот резултат, очигледно е дека сметавме на Пол позицијата. Квалификациите беше хаотични, на крај изгубив многу време. Не можев да направам ништо повеќе од трето место. Секогаш е лошо кога во загревачкиот круг треба да водиш мала трка."
"На патеката имаше многу болиди, постојано бев во сообраќај. Но, не можам да се жалам за тоа, имав време за два брзи круга, и двата се покажаа лоши. Мислам дека болидот ќе биде конкурентен на утрешната трка. Се разбира, ќе ми биде далеку потешко, со болидите пред мене."