Мерцедес АМГ денес и официјално го објави повеќегодишното спонзорство со модната икона, германската компанија Адидас.
Ова партнерство претставува значаен момент во историјата на Адидас бидејќи за прв пат влегува во врвниот мотоспорт - Формула 1.
Во текот на 2025 година и понатаму, Адидас и Мерцедес АМГ ќе создадат комплетна палета на облека, обувки и додатоци за целиот тим и нивната база на фанови.
Специјално дизајнираниот тимски комплет ќе биде изграден за индивидуалните потреби на улогата на секој член и ќе биде достапен и за фановите. Во текот на годината се планирани и неколку ограничени колекции.
Бјорн Гулден, извршен директор на Адидас: "Многу сме среќни што се вративме во светот на мотоспортот. Интересот за мотоспортот воопшто, но и за Формула 1 ошампионатот е во нагорна линија. Допира до нови потрошувачи и има големо влијание врз спортот и уличната култура."
"Ние сме исклучително горди што ги воведуваме трите ленти во Ф1 како официјален партнер на Мерцедес АМГ, еден од најуспешните тимови досега, со која заедно ја споделуваме страста за брзина, иновација и перформанси."
"Со нетрпение очекуваме да го поддржиме Мерецдес АМГ и да победуваме заедно."
Тото Волф, косопственик, извршен директор и тимски шеф на Мерцедес АМГ: "Нашето партнерство со Адидас е јасна изјава за намерата, во време кога почнуваме да го пишуваме нашето следно поглавје како тим."
"Адидас е бренд со историја, кој ја дели нашата посветеност не само за врвни перформанси, туку и на стилот и софистицираноста. Затоа со оваа соработка ќе редефинираме што значи тим и тимска облека во нашиот спорт."
Најновата тимска облека ќе биде претставена следниот месец, бидејќи сите погледи се свртени кон 2025 сезоната во Формула 1 шампионатот.
АДИДАС ВЛЕГУВА ВО Ф1 СО МЕРЦЕДЕС АМГ
1/07/2025 01:23:00 PM
0
Share to other apps