Јазид Ал-Раџи е победник на 2025 Дакар релито, станувајќи првиот возач од Саудиска Арабија што го направил тоа. Ова е особено пријатно и за него и за локалната јавност, бидејќи сè се случуваша во неговата татковина.
Ал-Раџи и неговиот германски совозач Тимо Готшалк се натпреваруваа во категоријата Т1+ со прототип автомобилот, Тојота Хилукс со погон на сите тркала за белгискиот тим Овердрајв Рејсинг.
Неговата Тојота во принцип не се разликува многу од истите автомобили на фабричкиот тим, Toyota Gazoo Racing, но, сепак, ова е прв пат по 25 години победата да отиде кај претставници на приватен тим.
Претходниот пат тоа се случи во далечната 2000 година, кога Дакар го освои познатиот Французин Жан-Луј Шлесер во кабриолет Schlesser-Renault со погон на задните тркала, кој го произведе неговата компанија.
Саудиецот последната етапа ја заврши со 8-ми резултат, а најдоброто време го имаше Лукас Мораеш, возач на фабричкиот тим на Тојота. Насер Ал-Атија се држеше на првото место прилично долго, но во финишот бразилецот го лиши катарецот од можноста да ја прослави својата 50-та етапна победа на Дакар.
Хенк Латеган, друг возач на Toyota Gazoo Racing, мораше да се задоволи со второто место, губејќи ја победата која ја имаше во свои раце во последните неколку етапи кога загуби 4 минути во однос на саудиецот.
Третото место за оваа година го има Матијас Екстром, кој се натпреварува за фабричкиот тим на Форд. Ова е најдоброто достигнување на Швеѓанецот во пет години учество во Дакар.
Насер Ал-Атија остана четврти, но, можеби, овој резултат може да се смета за доста добар, со оглед на тоа што тој, како и Екстром, се натпреваруваше на автомобил со сосема нова технолигија.
Но, нема сомнеж дека до 2026 година францускиот тим Дачија Сендрајдерс ќе го доведе својот автомобил на потребното ниво и повторно ќе биде меѓу фаворитите за победата.
Победникот, Јазед Ал-Раџи веќе долги години се натпреварува во рели трки, но ова е прв пат да забележи успех од овој ранг. Претходните години имаше неколку етапни победи на Дакар, но велат дека прекумерната непромисленост го спречила да победи, често оштетувајќи го возилото со кое се натпреварувал.
Сепак, оваа 2025 година Ал Раџи направи се како што треба и буквално му ја одзеде победата на Хенк Латеган, кој се тркаше во истиот автомобил, но за фабричкиот тим на јапонскиот концерн.
Аналитичарите на Дакар релито забележуваат дека Ал-Раџи го прилагодил неговиот пристап кон овој тркачки маратон, разбирајќи дека овие натпревари не се добиваат само поради брзината. Не помалку важни се тактиката, трпението, калкулацијата, способноста за чекање и напад кога тоа е навистина потребно.
"Победата е најсреќниот ден во мојот живот! Ја напишавме нашата страница во историјата на Дакар и историјата на Саудиска Арабија. Навистина ми се допаѓа ова чувство, многу сум горд!"
"Не беше лесно, но на крајот го забележавме најдобриот резултат. Овердрајв Рејсинг е истакнат тим, има многу етапни победи, а нашите механичари се генерално најдобри! Клучниот фактор беше компетентна стратегија. За да победите, важно е да ја изберете вистинската тактика, да знаете кога да нападнете и кога да забавите."
"Тимо, мојот навигатор, заврши одлична работа, како и секогаш, и многу сум му благодарен за помошта и поддршката!"
Меѓу натпреварувачите со мотоцикли, очекувано, најдобар беше Австралиецот Даниел Сандерс, кој се натпреваруваше за фабричкиот тим на КТМ. За австриската компанија ова е веќе 20-ти ваков успех во историјата на Дакар.
„Победата на оваа трка е огромно благопријатно чувство. Кога ја преминав последната дина и ја видов целта, веднаш ме полазија морници по целото тело."
"Од минатата година јас и мојот тим извлековме поука од сите наши грешки и се подобривме каде што требаше да бидеме подобри. Тимот работеше на тоа, јас работев напорно."
"Првиот вистински тест беше во Мароко. Победата на 2024 Rallye du Maroc значеше дека сме во добра позиција, а потоа направивме малку фино подесување и се излезе како треба."
"Физички бев добро подготвен, па знаев дека треба да се фокусирам на она што треба да го направам за да го освојам Дакар. Имав многу напорна подготовка и се функционираше навистина добро."
"Тоа што ќе го однесам трофејот во Австралија ќе биде навистина посебно за моето семејство и пријателите кои ме поддржуваа на целиот пат. Тие секогаш останаа покрај мене со подемите и падовите."
"Но, ќе продолжам да се фокусирам на мојата оф-роуд тркачката кариера. Веќе знаеме каде треба да бидеме подобри следната година и следната трка, па ќе работиме на тоа да славиме повторно и повторно. Да видиме што е следно."
Во класата Челинџер победата ја однесе искусниот аргентинец Николас Кавиљасо и неговата сонародничка Валентина Пертегарини како совозач.
Во класата SSV има одредена сензација. Победник е дебитантот на Дакар, Американецот Брок Хеџер, кој се натпреваруваше за тимот на Себастиен Леб со Polaris RZR Pro R Sport.
Во категоријата на камиони, кога ги нема главните фаворити, шанса за победа добиваат натпреварувачи кои можеле само да сонуваат за ваков успех. Оваа година победата му припадна на Мартин Машик и неговите двајца сонародници, кои имаа импресивно водство од речиси два и пол часа.
47-то издание на Дакар релито заврши. Дали бевме сведоци на најинтензивна битка на годинешното Дакар рели?
Тешко е да се каже, а тоа може да зависи од параметрите што ги земате во предвид. Во 2020 година, на Саинц му беа потребни 42 часа и 59 минути, додека оваа година победникот потроши 52 часа и 52 минути, практично 10 часа повеќе да се комплетира трката.
Четири часа повеќе од минатата година и еден и пол пати повеќе од последниот јужноамерикански Дакар, каде што победникот помина нешто помалку од 3.000 километри за нешто повеќе од 34 и пол часа.
Но, има уште еден важен детал: во најсилната класа имаше четири официјални брендови и сите забележаа барем по една етапна победа. Седум етапи за Тојота (осум ако го броиме прологот), две за Форд и по една за Дачија и Мини.
Во дванаесет етапи и пролог, само Сет Кинтеро и Лукас Мораеш ја повторија победата, исто така Латеган, ако го сметаме прологот. Екстром, Нани, Ал-Атија, Де Мевиус, Ал-Раџи, Бачиуска и Варијава имаат по една етапна победа. Десет различни етапни победници.
Имаше само тројца лидери во генералниот плласман: Сет Кинтеро по првата етапа, Хенк Латеган од 2 до 8, Ал-Раџи по 9-тата. Латеган прејде на врвот на табелата на 10-тата етапа, но Ал-Раџи го врати водството на претпоследната 11-та етапата, овој пат засекогаш.
Неуслехот на Латеган има горчлив вкус. Да не се случеше соломонската одлука на Дејвид Кастера и стјуардите да го "одземе" изгубеното време поради проколнатиот пиктограм на седмата етапа, денес како победник ќе го имавме Јужноафриканецот.
Хенк може да замине со истото чувство со кое Луис Хамилтон ја напушти Големата Награда на Саудиска Арабија во 2021 година.
АВТОМОБИЛИ (ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН)
(1) 201
ЈАЗИД АЛ-РАЏИ
ТИМО ГЛОТШАЛК
OVERDRIVE RACING
(2) 211
ХЕНК ЛАТЕГАН
БРЕТ КАМИНГС
TOYOTA GAZOO RACING
+ 03:57
(3) 226
МАТИЈАС ЕКСТРОМ
ЕМИЛ БЕРГКВИСТ
FORD M-SPORT
+ 20:21
МОТОРИ (ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН)
(1) 4 ДАНИЕЛ САНДЕРС
RED BULL KTM FACTORY RACING
(2) 68 ТОША ШАРЕИНА
MONSTER ENERGY HONDA HRC
+ 08:50
(3) 42 АДРИЕН ВАН БЕВЕРЕН
MONSTER ENERGY HONDA HRC
+ 14:46
ЧЕЛЕНЏЕР (ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН)
(1) 301
НИКОЛАС КАВИЉАСО
ВАЛЕНТИНА ПЕРТЕГАРИНИ
TEAM BBR
(2) 319
ГОНЧАЛО ГЕРЕИРО
КАДУ САШ
RED BULLOFF-ROAD JR TEAM USA BY BFG
+ 1ч11:38
(3) 304
ПАУ НАВАРО
ЛИСАНДРО ХЕРЕРА
TEAM BBR
+ 30:13
SSV (ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН)
(1) 425
БРОК ХЕЏЕР
МАКС ЕДИ
SEBASTIEN LOEB RACING - RZR FACTORY RACING
(2) 404
ФРАНЦИСКО ЛОПЕЗ КОНТРАДО
ХУАН ПАБЛО ЛАТРАЧ
CAN-AM FACOTRY TEAM
+ 2ч06:04
(3) 412
АЛЕКСАНДРЕ ПИНТО
БЕРНАРД ОЛИВЕИРА
OLD FRIENDS RALLY TEAM
+ 3ч37:11
КАМИОНИ (ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН)
(1) 600
МАРТИН МАЦИК
ФРАНТИШЕК ТОМАШЕК
ДАВИД СВАНДА
MM TECHNOLOGY
(2) 602
МИЧЕЛ ВАН ДЕН БРИНК
МОЈЗЕС ТОРАЛАРДОНА
ЈАРНО ВАН ДЕ ПОЛ
EUROL RALLY SPORT
+ 2ч21:13
(3) 601
АЛЕС ЛОПРАИС
ДАВИД КРИПАЛ
ДАРЕК РОДЕВАЛ
InstaTrade Loprais Team De Rooy FPT
+ 2ч26:43
ДАКАР РЕЛИ: 25 ГОДИНИ БЕА ПОТРЕБНИ ДА ПОБЕДИ ПРИВАТЕН ТИМ
1/19/2025 06:05:00 PM
0
Share to other apps