На почетокот на февруари 2024 година, Тото Волф го известил тимот дека Луис Хамилтон ќе го напушти Мерцедес АМГ по крајот на сезоната.
Речиси една година подоцна, Волф призна дека заминувањето на британецот за него било неочекувано, но сега дури му е драго што зад воланот ќе седне младиот Кими Антонели.
Тото Волф: "Заминувањето на Луис беше неочекувано за мене, ми изгледаше чудно што ќе го облече комбинезон на Ферари и ќе седне зад воланот на црвениот болид."
"Но, ние имавме 17-годишно момче по име Антонели, и не сакав да го пропуштам како што ми "избега" Макс, па сe си дојде на свое место."
"Нашиот болид не беше доволно брз, Луис доби одлична понуда. Секој Формула 1 возач сонува да вози за Ферари, па Хамилтон брзо се одлучи."
"Мислам дека Луис сфати дека Антонели се бори за неговото место, што исто така беше една од причините."
"Во тој момент почувствував олеснување. Од лични причини не можев да донесам одлука да го отпуштам Хамилтон бидејќи му должиме многу."
"На крајот, сè се случи само по себе."
ЛУИС ВО МЕРЦЕДЕС АМГ НА СТАРА СЛАВА
1/08/2025 01:47:00 PM
0
Share to other apps