Зад Раиконен и Хамилтон се најдоа двајцата возачи на Ред Бул, сега Макс Ферстапен пред Даниел Рикиардо на третата и четврта позиција на табелата. Кристијан Хорнер во изјава за Скај Ф1 потврди дека заостанувањето е поголемо од планираното и дека доколку не обезбедат добра позиција на утрешните квалификации, дека нивното тркашко темпо кое е најдобро од сите, за жал нема да може да биде максимално искористено.
Валтери Ботас го имаше петтото најбрзо време, пред Реното на Карлос Саинц Јр. на шестата позиција на патеката каде го забележа својот најдобар Формула 1 финиш со четвртото место минатата година со Торо Росо. Иако Рено се смета за подобар од останатите, неговата предност не е премногу голема пред се во однос на болидите на Хас и особено Мекларенот на Фернандо Алонсо, кој имаше охрабрувачки резултат за тимот по нивните слаби последни пласмани.
Себастијан Ветел со пласман на деветтата позиција на табелата, но она што ги загрижува во Ферари е неговата лоша форма. Германецот, при крајот на својот прв квалификациски брз круг, имаше блиска средба со бариерите покрај патеката на излезот од 21-от свиок.
Иако првично се чинеше дека е само мал допир, набрзо по неговото влегување во бокс беше откриено дека контактот предизвикал многу посериозен проблем, при што антифризот од неговиот болид се растече на подот од гаражата на Ферари. Тоа беше крај на денот за него и ран прекин на тест програмата, т.е. подесување на болидот за трка.
Тркачкиот викенд во Сингапур на патеката Марина Беј продолжува со саботниот тренинг и Квалификациите, кои започнуваат во 15:00 часот по македонско време.
2018 СИНГАПУР ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Кими Раиконен | Ферари | 1:38.699 | 35 | |
2 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:38.710 | + 0.011 | 20 |
3 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:39.221 | + 0.522 | 28 |
4 | Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:39.309 | + 0.610 | 33 |
5 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:39.368 | + 0.669 | 33 |
6 | Карлос Саинц ЈР. | Рено | 1:40.274 | + 1.575 | 36 |
7 | Роман Грожан | Хас | 1:40.384 | + 1.685 | 33 |
8 | Фернандо Алонсо | Мекларен | 1:40.459 | + 1.760 | 31 |
9 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:40.633 | + 1.934 | 12 |
10 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:40.668 | + 1.969 | 35 |
11 | Серџо Перез | Форс Индија | 1:40.774 | + 2.075 | 30 |
12 | Маркус Ериксон | Заубер | 1:40.812 | + 2.115 | 37 |
13 | Естебан Окон | Форс Индија | 1:40.870 | + 2.171 | 33 |
14 | Чарлс Леклерк | Заубер | 1:41.062 | + 2.363 | 37 |
15 | Кевин Магнусен | Хас | 1:41.154 | + 2.455 | 32 |
16 | Штофел Вандорн | Мекларен | 1:41.164 | + 2.465 | 32 |
17 | Брендон Хартли | Торо Росо | 1:41.542 | + 2.843 | 38 |
18 | Пјер Гасли | Торо Росо | 1:41.615 | + 2.916 | 36 |
19 | Ленс Строл | Вилијамс | 1:42.141 | + 3.442 | 17 |
20 | Сергеј Сироткин | Вилијамс | 1:42.181 | + 3.482 | 36 |
ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА - МАРИНА БЕЈ 2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:47.490 2015 Данил Квјат - Ред Бул - 1:46.142 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:44.152 2017 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 1:40.852 2018 Кими Раиконен - Ферари - 1:38.699 |
|||||
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |