Како што знаеме Формула 1 заедно со ФИА и Ф1 тимовите работи на создавање на болидот за 2021 година, кој би обезбедил подобри трки, но ќе има и впечатлив изглед. Дизајнот на 2021 болидите ќе продолжи да се развива и во текот на следната година, но, во Сингапур беше одржан семинар на кој беше образложена досегашната работа, што претставува прв поглед на иднината на Формула 1.
На врвот на агендата е решение кое ќе им дозволи на болидите полесно да се следат еден со друг, што треба да ги зголеми можностите за претекнување. Но, постои и желба да имаме болиди кои што ќе изгледаат толку добро, што децата ќе сакаат да имаат нивни постери во своите соби.
Во моментов тековните болиди кога ќе дојдат на неколку должини зад друг болид, тие губат околу 50% од нивната потисна сила. Тоа е значителен износ на загуба на перформанси. Според Рос Браун моментално се стигнати до 40%, а крајната цел е околу 30% загуба на перформансите. Сите во Либерти медиа посакуваат болид кој е инспиративен, кој е врв на мотоспортот и болид кој треба да изгледа сензационално.
Првиот концепт на 2021 болид.
Вториот концепт на 2021 болид.
Третиот концепт на 2021 болид.
Третиот концепт е најактуелен и на овој концепт може да се видат првите знаци на уреди кои го контролираат начинот на кој воздухот доаѓа до тркалата.
Пневматиците и тркалата се главните предизвикувачи на големите нарушувања во протокот на воздух, па затоа во Формула 1 започнуваат да ги разгледуваат уредите што можат да го стабилизираат истиот.
Следува уште една година на понатамошни истражувања и развој, со цел да се воспостави конечна рамка до крајот на 2019 година.
Во Либерти медиа се надеваат дека финалниот дизајн ќе ги поттикне тимовите кои се вклучени да останат во Формула 1, истовремено охрабрувајќи нови тимови да се приклучат и да го засилат шампионатот.
ПОГЛЕД КОН ИДНИНАТА НА Ф1 БОЛИДИТЕ
9/14/2018 01:14:00 PM
0
Share to other apps