Жан Тод, Претседателот на ФИА, и Греам Стокер, заменик-претседателот за спорт, денес во Париз, беа домаќини на третиот Совет за моторни спортови за 2018 година. Она што нас не интересира се одлуките во врска со Формула 1 Шампионатот, а прва и најважна беше официјализирање на 2019 календарот. Повеќе детали на следниот линк - 2019 СЕЗОНА: КАЛЕНДАР, ВОЗАЧИ, ТЕСТ СЕСИИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Промени на спортските правилата за 2019 сезоната.
Безбедносно возило - Осигурување на конзистентна точка после која возачите ќе може да престигнуваат кога безбедносното возило ќе се враќа кон боксевите. Таа сега ќе биде иста при сите три типа на рестарт на трката;
Првична проверка - Тимовите сега ќе бидат одговорни за првичната проверка на нивните болиди. Пред првото излегување на болидот, тимовите ќе мора да прогласат дека е во сообразност со сите прашања поврзани со безбедноста;
Крај на трката - Официјалниот сигнал за крај на трката сега ќе биде светлосен панел, иако ќе биде развеано и коцкестото црно-бело знаме.
Промени на спортските правилата за 2020 сезоната.
Полициски час - Часовите во кои персоналот на тимот нема да може да работи на болидот ќе се зголеми од осум на девет.
Промени на техничките правилата за 2019 сезоната.
- Промени на регулативите околу ретровизорите и придружните промени на задното крило (висина) за зголемена видливост и безбедност;
- Ќе се модифицираат прописите за on-board камерите за да се подобри ТВ преносот;
- За зголемена безбедност ќе се додадат светла на страничните делови од задното крило;
- Треба да се направат мали модификации на облогата на ХАЛО-системот поради безбедносни причини за време на потенцијална екстракција на возачот.
На состанокот се разгледани безбедносните процедури што треба да се спроведат за време на годинешната Голема Награда на Бразил.
ФИА - ОФИЦИЈАЛИЗИРАН КАЛЕНДАРОТ ЗА 2019 СЕЗОНАТА
10/13/2018 11:51:00 PM
0
Share to other apps