Флавио Бријаторе верува дека Себастијан Ветел нема правилен пристап во борбата за Шампионската титула и дека бил многу нетрпелив во повеќе дуели. Голем број на негови грешки го направија неинтересен крајот на сезоната и само прашање на време е кога, а не дали Хамилтон ќе ја освои 5-тата Ф1 Титула.
"Ветел не се бори за Победа во Шампионатот, туку Ветел се бори за Победа на трка и тоа така не оди. Со тој вид на менталитет тешко се освојуваат Титули. Верувам дека стресот кој што го чувствуваат возачите е огромен, и ако може да се справите со него, ако не "пукнете", тогаш ќе бидете Шамшион. Затоа што ако "пукнете", тоа е најлошото можно сценарио. Инцидентот на Ветел во Монца нема смисла, едноставно нема смисла."
"Некој треба да му објасни дека трката трае 53 круга, а не еден круг. Се сеќавам дека имавме слично искуство со Фернандо. Кога сакате да го освоите шампионатот, третото место е веќе супер. Важно е да се остане на вистинскиот пат. Целта е да забележувате поени. Вие не мора да победите на секоја трка за да победите во шампионатот. Не е прашање за победа, туку за поени. Се разбира, се ова важи ако имате конкурентен болид, важна е трпеливоста. Ако се судрите со возач кој има повеќе поени од вас, предноста кај вашиот противник."
БРИЈАТОРЕ: ВЕТЕЛ СЕ БОРИ ЗА ПОБЕДА НА ТРКА, НЕ ВО ШАМПИОНАТОТ
10/12/2018 04:22:00 PM
0
Share to other apps