Валтери Ботас, кој имаше мала несигурност при брзиот круг, веднаш до него на првиот стартен ред, за нов преден ред на Мерцедес АМГ.
Себастијан Ветел и Ферари повторно со катастрофална реакција кога е во прашање стратегијата. Се надеваа на дожд за да имаат шанса да го нападнат Мерцедес АМГ, дождот дојде а тие останаа изненадени од него. Неверојатно несмасна работа од Италијанците. Макс Ферстапен уште еднаш пред болидите на Ферари со трето најбрзо време.
Q1 сесијата имаше црвено знаме, во моменти кога Себастијан Ветел прво се изврте во 7-от свиок, за веднаш потоа фокусот се насочи кон Маркус Ериксон кој заврши во бариерите покрај патеката. Задното крило на Зауберот беше уништено по што сесијата беше стопирана. Швеѓанецот влезе пошироко низ свиокот, помина низ рабниците, по што изгуби контрола врз својот болид. Незгодно излетување, поради фактот што тој имаше добри шанси за пласман во Q3 сесијата. Ова црвено знаме му помогна на тимот на Рено да го доврши болидот на Хулкенберг, кој имаше потешко излетување на денешниот тренинг. Германецот излезе на патеката на 10 минути до крајот Q1, но тоа не беше доволна за прогрес во понатамошниот тек на кваливикациите. Елиминирани беа Хулкенберг, Сироткин, Алонсо, Вандорн и Ериксон.
Q2 сесијата заврши со најбрз круг на Валтери Ботас, време кое никој не го очекуваше од него, а по неколкуте круга на супер-меките гуми, дождот се појави на патеката. Тоа го чинеше многу Даниел Рикиардо, кој при загревачкиот круг ја изгуби моќноста од неговата Рено ПЕ. Уште еднаш Рено Ц спецификацијата се покажа како многу проблематична.
Добар настап за возачите на Торо Росо, кои по вторпат оваа сезона успеаја да ги донесат двата болиди во Q3 и за првпат во својата историја ќе имаат два пласмани во топ 10 во Сузука. Тоа е, исто така, прв пат два болиди придвижувани од Хонда ПЕ во Q3 во Сузука од 2006 година.
Елиминирани во Q2 беа: Леклерк, Магнусен, Саинц Јр., Строл, Рикиардо. Леклерк, беше лут на своите тркачки инженери, кои за разлика од другите тимови не го испратија порано на патеката и не го видоа дождот што доаѓа. Но, стартот од 11-тата позиција носи слободен избор на гуми.
Со почетокот на Q3 од Ферари одлучија дека е време да се коцкаат, па кога сите излегоа на гуми за суво,единствено тие беа на интередиа гумите на Пирели. Се надеваа на дожд, но, тој го немаше, барем во почетните моменти.
Катастрофално предвидување, па кога сите останати се посветија на загревачкиот круг, возачите на Ферари мораа во бокс по гуми за суво. Луис Хамилтон во меѓувреме го забележа најбрзото време, три десетинки пред Ботас, и дополнителна секунда пред Макс Ферстапен.
Возачите на Ферари по излегувањето на гуми за суво, мораа да форсираат повеќе, со тоа дојдоа и грешките. Кими Раиконен имаше помала несигурност, па успеа да стигне до 4-тата позиција, но Себастијан Ветел никако не може да се снајде под притисок, имаше поголемо излетување и само 9-та стартна позиција за Германецот.
Набрзо пристигна дождот што Ферари го очекуваше, а со тоа и шансите за поставување на побрзи времиња исчезнаа. Од неутрална гледна точка, утре не очекува интересна трка, но не за Победата, таа е резервирана за Хамилтон, но тој треба да си ја заработи.
Рикиардо стартува далеку под своите можности, Леклерк на нови гуми ќе сака да се докаже. Многу возачи надвор од своите нормални стартни позиции. Брендон Хартли со 6-та позиција, најдобра во неговата Ф1 кариера. Ферари со старт од четвртата и деветтата позиија, дали може да ја одржи во живот барем борбата за титулата во конструктори?!?
Трката за ГН на Јапонија е утре со почеток во 07:10 часот по Македонско време.
ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА ЈАПОНИЈА - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:27.760 | |
2. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:28.059 | + 0.299 |
3. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:29.057 | + 1.297 |
4. | Кими Раиконен | Ферари | 1:29.521 | + 1.761 |
5. | Роман Грожан | Хас | 1:29.761 | + 2.001 |
6. | Брендон Хартли | Торо Росо | 1:30.023 | + 2.263 |
7. | Пјер Гасли | Торо Росо | 1:30.093 | + 2.333 |
8. | Естебан Окон* | Форс Индија | 1:30.126 | + 2.366 |
9. | Себастијан Ветел | Ферари | 1:32.192 | + 4.432 |
10. | Серџо Перез | Форс Индија | 1:37.229 | + 9.469 |
Q2 Најбрзо Време: Валтери Ботас - 1:27.987 | ||||
11. | Чарлс Леклерк | Заубер | 1:29.864 | + 1.877 |
12. | Кевин Магнусен | Хас | 1:30.226 | + 2.239 |
13. | Карлос Саинц ЈР. | Рено | 1:30.490 | + 2.503 |
14. | Ленс Строл | Вилијамс | 1:30.714 | + 2.727 |
15. | Даниел Рикиардо | Ред Бул | / | / |
Q1 Најбрзо Време: Луис Хамилтон - 1:28.702 | ||||
16. | Нико Хулкенберг | Рено | 1:30.361 | + 1.659 |
17. | Сергеј Сироткин | Вилијамс | 1:30.372 | + 1.670 |
18. | Фернандо Алонсо | Мекларен | 1:30.573 | + 1.871 |
19. | Штофел Вандорн | Мекларен | 1:31.041 | + 2.339 |
20. | Маркус Ериксон | Заубер | 1:31.215 | + 2.511 |
107% време: 1:34.911 | ||||
* казна 3 стартни места
ХИБРИДНА ЕРА - СУЗУКА
2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:32.506
2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:32.584
2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:30.647
2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:27.319
2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:27.760
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |