Една од теориите околу неодамнешниот пад на перформансите на Ферари во споредба со Мерцедес АМГ е дека тоа е некако поврзано со тековната анализа (фамозниот втор сензор) што ФИА ја врши врз двојниот акумулатор на Ферари погонската единица.
Не им придававме поголемо значење на овие шпекулации, особено што Италијанците ги имаа истите перформанси на правците и на нив го имаат најбрзиот болид на гридот. При тоа тука се одличните перформанси на Заубер и Хас, кои ја користат истата ПЕ.
Сега се решивме да реагираме со напис на оваа тематика, по откривањето на Аривабене за Скај Италија дека таков сензор постоел, но дека она што загрижува е што тоа трeбaло да биде деловна тајна меѓу нив и ФИА.
"Дизајнот и распоредот на нашите акумулатори е доста сложен, така што се согласивме на барање од ФИА да работиме заедно со нив. Имавме втор сензор, но, во секој случај тоа не влијаеше на изведбата на нашиот болид. Покрај тоа, чудно е што сите знаат за вториот сензор."
"Јас реков дека распоредот на акумулаторот е доста комплексен, но исто така е и интелектуална сопственост на Ферари. Се надевам дека начинот на кој што сите дознаа за вториот сензор, нема да биде искористен во иднина за сите да бидат информирани за нашиот проект. Тоа може да биде сериозна работа."
"Неодамнешниот пад на формата на Ферари нема врска со ЕРС-системот, туку нашите перформанси во бавните свиоци. Во Сингапур и Русија бевме побрзи на правците. Ние страдаме на патеките кои побаруваат поголема и средна потисна сила, особено во побавните свиоци ние сме во неволја. Овој проблем води до тешкотии во менаџирањето со гумите, бидејќи не можеме да ги донесеме во нивниот оперативен прозорец."
На крај да резимираме, ФИА не убедува дека се е во ред со болидот на Ферари, ние немаме причина да не веруваме. Британските медиуми ги воведуваат сите овие стории во игра, а знаеме дека тоа се најкопираните "сензации" во Формула 1 сферата на планетарно ниво, а со тоа и во Македонија. Ние како најдобриот Ф1 блог во Македонија настојуваме да не го следиме овој тренд, туку да објавуваме што по оригинални стории.
Падот на Ферари се должи на новите надградби на Мерцедес ПЕ, а како потврда може да ги земеме денешните изјави на возачите на Хас, Роман Грожан и Кевин Магнусен, кои велат дека се импресионирани од "изненадувачкиот" напредок што го постигнал тимот на Форс Индија. Да, да, тоа е моќта на Мерцедес ПЕ!!!
ФЕРАРИ ЈА ОБВИНИ ФИА ЗА ИЗДАВАЊЕ ДЕЛОВНИ ТАЈНИ
10/05/2018 06:50:00 PM
0
Share to other apps



