Формула W е нова серија на ФИА во која ќе се натпреваруваат жени и ќе започне од следната година со цел да им помогне во нивниот напредок кон Формула 1. Новата категорија, која ќе користи болиди со F3 спецификации, има поддршка од Дејвид Култхард и награда од вкупно 1.5 милиони долари. Шампионот ќе заработи 500.000 долари.
За почеток се планирани шест 30-минутни трки ширум Европа, а првата ќе се одржи во мај 2019 година. Во иднина ако има интерес ќе се воведат трки во Австралија, Азија и Америка.
Жените кои ќе имаат право да се натпреваруваат во оваа серија, ќе треба да ја докажат својата способност во интензивен процес на селекција кој како судии ќе го надгледуваат Дејвид Култхард, Дејв Рајан, поранешен Ф1 менаџер, кој е тркачки директор на серијата и Адријан Њуи, познатиот Ф1 дизајнер.
Кетрин Бонд Муир, извршен директор на серијата W, која помогна да се соберат средствата, вели: "Во моментов има само малку жени кои се натпреваруваат во Формула сериите на ФИА."
"Новата серија значително ќе го зголеми тој број во 2019 година, со што силно ќе го ослободи потенцијалот на многу повеќе женски возачи. W серијата е инспиративна иновација чие време е сега."
НОВОСТ ОД ФИА - ФОРМУЛА ЗА ЖЕНИ
10/10/2018 09:19:00 PM
0
Share to other apps