Рос Браун, спортскиот директор на Формула 1, ги искажа неговите очекувања и односот на силите за новата 2019 сезона.
"Гледајќи ги настапите на Ферстапен, лесно е да се заборави дека тој е сеуште многу млад. Се сеќавате кога бевте на негова возраст, за неговите години тој постигнува одлични резултати во услови на висока популарност и сериозен притисок. Макс се развива, станува позрел и поразумен, без губење на неговата брзина и агресивност. Во 2018 година, тој направи уште еден чекор напред, и не постои сомнеж дека во иднина, во вистинскиот тим зад воланот на соодветен болид, тој ќе биде во можност да ја освои титулата."
"Во 2019 година Ред Бул ќе работи за него. Издржливоста секогаш помага, мора да имате издржлива ПЕ, мора да го решите тој проблем. Кога го познавате возачот и гo разбирате неговиот фид-бек за болидот, тоа е голем плус. Убаво е што Ред Бул ќе почне да соработува со Хонда, станува фабрички тим, тоа е апсолутно подобро нешто, отколку само да бидете клиент. Тие ќе станат едно и ќе работат заедно. Во Ред Бул ќе треба да ја искористат предноста на соработката со Хонда, да се вратат на врвот и повторно да конкурираат за титулите."
"Луис Хамилтон имаше совршена сезона, една од најдобрите во неговата кариера. Тој не направи грешки, барем не се сеќавам на некои, и победи на трките на кои таа им беше препишана на неговите ривали. Не можете да барате повеќе од него. Тој е во најдобра форма од кога било досега. Очигледно, тој го најде вистинскиот баланс, живее во хармонија со себеси и тоа влијае на неговите настапи. Ако може да се спореди со совршено вино тоа би било зрело, зрело, но не премногу старо."
"Малку е веројатно дека Чарлс Леклерк ќе биде тимски колега на Ветел, како што тоа беше Кими Раиконен. Ветел имаше двосмислена сезона. Неколку трки му беа одлични, Себастијан одигра важна улога во напредокот на тимот, па тие сега треба да го направи следниот чекор и да почнат да постигнуваат резултати. Ова важи и за Ветел и за тимот."
"Не знам каква е атмосферата во Маранело, како се однесуваат со Ветел, како сето тоа функционира. Себастијан направи неколку грешки, но, тоа се случува кога се тркате. Во одреден момент, подобрувањето на шасијата замина во погрешен правец, но, потоа тимот се врати на претходната верзија и успеаа да се поправат.
Во овој процес важно е да учествува и возачот."
"Во деновите на мојата работа во Ферари, ако имаше било какви сомнежи, Михаел Шумахер ќе дојдеше во мојата канцеларија за да разговара за сè и работеше со инженерите онолку долго колку што е потребно, додека резултатот не го задоволи. Ова го мотивира тимот и може да го натера да ги гледа работите од поинаков агол."
"Понекогаш, Победите се разликуваат од поразите во мали детали. Не мислам дека Ветел или Ферари имаат потреба од сериозни промени, само нешто да поправат, да се мрднат од местото во кое тапкаат веќе некое време."
"Јас сум импресиониран од настапите на Леклерк. Досега тој немаше силен тимски колега за споредба, но во 2019 година ќе се појави. Работата во Ферари е поврзана со сериозен притисок. Нема да биде лесно за Чарлс да се натпреварува во ист тим со повеќекратен Ф1 Шампион, но очекувам тој да се справи со сè."
"Формула 1 има добра перспектива. Го изгубивме Фернандо Алонсо, но го имаме Леклерк во Ферари, засилениот Ред Бул, Џорџ Расел, Ландо Норис и Александар Елбон како дебитанти. Многу интересни работи се случуваат. Можеби можеме да кажеме дека Леклерк и понатаму ја предводи оваа генерација на возачи."
РОС БРАУН - ФОРМУЛА 1 ИМА ДОБРА ПЕРСПЕКТИВА
12/20/2018 01:08:00 PM
0
Share to other apps