Полјакот се одлучи за 88 и иако на прв поглед се чинеше дека нема причина, тој сепак откри зошто овој број е неговиот избор.
"Мојот омилен број е 8, но, тој е во сопственост на Роман Грожан, па јас се одлучив за "дупла" 8. Мојот број за трки ќе биде 88. Во Италија велат дека два е подобро од еден, па со нетрпение очекувам да натпреварувам со него."
"Зимската пауза е добра од две причини, прво затоа што се "ресетирате" по многу долгата сезона, да ги наполните батериите. Не се натпреварував, но бев инволвиран во многу други работи."
"Втората причина е тоа што во зима работите за следната сезона, секогаш има позитивни чувства и, откако ќе се наполнат батериите, се започнува со работа во фабриката, како и на физичка и ментална подготовка за новата сезона."
"По Божиќните празници, би сакал да одам некаде, можеби на некој остров, да започнам со тренинг. Сепак, исто така ќе има многу работа во фабриката и на симулаторот за подготвени да ја дочекаме новата сезона. Дури и во зима, во период без трки, сеуште живеете за Формула 1."
Последниот возач кој го носеше бројот 88 во Формула 1 беше Рио Харијанто, за време на 12 трки од 2016 сезоната, а претходно овој број бил користен во 50-тите години од страна на Џин Хартли.
8⃣8⃣ days until lights out in Melbourne...so what better time to find out why Robert picked 88 as his race number 🤔 pic.twitter.com/cXqXSfSxru— WILLIAMS RACING (@WilliamsRacing) December 19, 2018