Во Италија веќе се размислува за иднината на Монца, патека која сеуште го нема продолжено својот договор со сопствениците на Формула 1. Анџело Стичи Дамиани, Претседателот на Италијанската Тркачка Федерација, открива неколку промени што сака да ги спроведе до 2022 година. Според написите објавени во Gazzetta dello Sport, Дамиани сака нова конфигурација на патеката која ќе ја направи уште побрза и ќе ја осигура ознаката "Храм на брзината" за во догледна иднина.
Првична негова сугестија е отстранување на една од трите шикани на патеката, најверојатно втората, и модификација на свиокот Лезмо, т.е. враќање кон конфигурацијата пред 1994 година. Покрај измените на конфугурацијата, патеката ќе се прошири, ќе се изградат нови пристапни патишта и нова главна трибина. Малку потешко за изведба, но се размислува и за реновирање на стариот овален дел, со што Монца може да стане уникатна атракција. Теоретски на тој начин, патеката би се протегала и до 10 километри.
Трошоците за проектот се проценети на 100 милиони евра, но, според Дамиани тоа не е некоја преголема сума за собирање преку придонеси од општинските раководства и Владата на Италија. Клуч за остварување на овие замисли ќе биде продолжување на договорот за одржување на Италијанското Гран При, кој сè уште не е обновен. Промотерите на трката и Либерти Медиа, допрва ќе треба да се договорат за цената за 2020 година и понатаму.
ПРЕДЛОЖЕНИ ДРАСТИЧНИ ИЗМЕНИ НА МОНЦА
12/14/2018 03:45:00 PM
0
Share to other apps