Непосредно пред неговиот 50-ти Роденден, семејството на Михаел Шумахер објави официјална изјава со која им се заблагодарува на неговите фанови и останатите за нивната континуирана поддршка, но, како што е вообичаено нема информации за здраствената состојба на Седумкратниот Шампион.
Во негова чест семејството ќе објави апликација за неговите успеси и радости. Михаел Шумахер имаше ски несреќа при неговиот семеен одмор на француските Алпи во декември 2013 година.
"Многу сме среќни што утре заедно со вас ќе го прославуваме 50-тиот роденден на Михаел и ви благодариме од дното на нашите срца дека можеме да го сториме тоа заедно."
"Како подарок за него, вие и ние, фондацијата "Keep Fighting" создаде виртуелен музеј. Официјалната апликација на Михаел Шумахер ќе биде објавена утре, за да можеме да ги разгледаме сите негови успеси."
"Апликацијата е уште едeн важен настан во нашите напори да го израдуваме него и вас, неговите фанови, со славење на неговите достигнувања. Ви посакуваме добра забава..."
"Михаел може да биде горд на она што го постигнал, исто така и ние! Затоа се сеќаваме на неговите успеси преку изложбата на неговата приватна колекција во Келн, објавувајќи спомени на социјалните медиуми и со продолжување на неговата добротворна работа преку Фондацијата "Keep Fighting"."
"Сакаме да гo свртиме вниманието кон неговите победи, неговите рекорди и неговите радости."
"Вие може да бидете сигурни дека тој е во рацете на најдобрите и дека правиме се што е можно за да му помогнеме. Ве молиме да не разберете што ги следиме желбите на Михаел и што ја одржуваме неговата здравствена состојба, како што отсекогаш и било, во приватноста."
"Исто така, ве уверуваме дека многу ви благодариме за вашето пријателство и ви посакуваме здрава и Среќна Нова 2019 Година."
МИХАЕЛ ШУМАХЕР - СРЕЌЕН 50-ТИ РОДЕНДЕН
1/02/2019 10:03:00 PM
0
Share to other apps