FW42 требаше да дебитира на Каталуња во текот на утрешниот ден, пред почетокот на зимските тест сесии на истото место во понеделник.
По одлуката, тимот ги објави фотографиите на своите социјални канали во дизајнот на бои што беше претставен претходно оваа недела, додавајќи дека вистинскиот болид ќе биде откриен по викендот.
Друг тим кој призна дека има проблеми со комплетирањето на својот нов болид е Рено и е блиску да го откаже сопствениот ден за снимање, исто така, закажан за утре.
Сепак тимот е уверен дека болидот ќе биде подготвен да излезе на патеката по пристигнувањето во Шпанија.
Вилијамс има планирано уште еден филмски ден за идниот петок по завршувањето на првата тест сесија, кога патеката Каталуња, ќе ја споделат со Мекларен и Рејсинг Поинт.
Денес, во Барселона, деби на патеката имаше болидот на Хас, VF-19, по филмските денови на Мерцедес АМГ и Ред Бул во Силверстоун, Торо Росо во Мисано и Алфа Ромео во Фиорано.
— Haas F1 Team (@HaasF1Team) February 15, 2019По презентацијата на Мекларен во четвртокот и денешната на Ферари, значи дека Вилијамс, Рено и Рејсинг Поинт се единствените тимови кои физички ги немаа прикажано своите 2019 болиди.