Новиот тимски шеф на Ферари го издвои исклучително тесниот отвор за воздух и значително потесниот заден дел на болидот, што е последница на нивниот уникатен издувен систем.
"Во 2018 година имавме навистина добри достигнувања, а овој болид е развој на минатогодишниот. Тоа не е револуција. Ние едноставно се обидовме да ги подигнеме неговите крајни граници и да се обидеме да бидеме што поекстремни и поиновативни колку што можевме."
"Постојат неколку промени кои се забележуваат лесно, како на пример предното и задното крило, што е последница на новите техничките прописи. Но, ако го погледнете повнимателно, ќе забележите дека има многу детали кои ја одразуваат нашата напорна работа и тенденцијата да бидеме иновативни."
"Отворот за воздух е многу тесен и многу тенок. Ако ја погледнете каросеријата на задната страна ќе забележите дека таа е многу, многу тенка, а тоа е благодарение на целата работа, која не можете да ја видите, а тоа е новиот концепт на "пакување" на сите составни делови од погонската единица."
"Во SF90 е вложена многу напорна работа и мислам дека конечниот облик е резултат на сите тие напори. Нас ни се допаѓа."
"Воведуваме мат финиш во боењето на болидот. Причината не е естетска, туку исклучиво техничка. Елиминирањето на сјајниот елемент ни дава неколку стотици грама, што можеби не звучи како многу, но кога ќе притиснете сè до крај, дури и ова има ефект."
"Покрај тоа, го имаме најдобрите возачи во Формула 1. Како лидер на тимот, не можам да посакувам нешто повеќе. Тестовите ќе започнат следната недела, еден месец останува до првата трка во Австралија."
"Се чини дека има многу време, но, тоа не е така. Не чека една недела на напорна работа, ние сме одлучни и со нетрпение го очекуваме почетокот на сезоната."