Новиот изглед на 2019 болидот на Хас, според изјавите на новиот главен спонзор, Rich Energy, е намерен обид за заживување на класичниот изглед на Лотус болидите од ерата на John Player Special.
Хас VF-19, кој денес беше презентиран, ќе се натпреварува со шема на црно-златна боја слична на тимот на Лотус која се користеше помеѓу 1972 и 1986 година.
Вилијам Стори, Извршниот директор на Rich Energy, објасни дека одлуката за оваа шема на бои ја одразува неговата страст за Ф1, што тој ја користи за да ја промовира неговата компанија.
"Ние сакаме да се натпреваруваме со Ред Бул, тоа е многу јасно. Мислиме дека Формула 1 е најдобрата околина за тоа. Фактот дека сум голем љубител на мотоспортовите, го прави натпреварувањето во Формула 1 дополнителен бонус. Ќе биде одлично."
"Го сакав JPS Lotus, мислам дека тоа е најдобриот изглед на сите времиња. Не треба да се биде Херкул Поаро за да сфатиме дека го враќаме тоа назад, тоа е очигледно, доста забавно и возбудливо."
"Ние разгледувавме повеќе опции со разни тимови во смисла на нивното управување, нивниот етос, нивниот бизнис модел, колку се ефикасни, колку професионално тие се фокусираат на важните работи."
"Се чини дека добро одбравме, тимот на Хас има релативно сличен етос со нас, нов тим кој гради традиција во Ф1. Чувствувавме дека имаме повеќе заедничко со нив од било кој од останатите тимови и почувствувавме дека тоа се тимот кој може да стане уште поконкурентен и се надеваме дека ќе им помогнеме да го сторат тоа."
ХАС VF-19 НАМЕРНО ПОТСЕТУВА НА ЛОТУС ОД `70-`80-ТИТЕ
2/07/2019 06:53:00 PM
0
Share to other apps