Возачите кои ќе атакуваат на Шампинската Титула се Себастијан Ветел и неговиот нов тимски колега, Чарлс Леклерк, кој го замени Кими Раиконен и стана најмладиот возач на црното конче по Педро Родригез. Болидот на Ферари е последен од големата тројка, по презентациите на Мерцедес F1 W10 EQ Power+ и Ред Бул со RB15.
Ферари SF90H е првиот болид од новата ера во тимот од Маранело, предводен од Матија Биното. Друга важна новина е инкорпорирање на инженерот Лорен Мекис, поранешен шеф на безбедноста на ФИА, кој од ноември 2018 година работи како спортски директор за италијанскиот тим.
На комерцијално ниво, познато е дека Скудерија Ферари Мисија Виноу е официјалното име на тимот за оваа сезона, како резултат на мултимилионско спонзорство на Филип Морис, Марлборо, секогаш присутно и покрај рекламните ограничувања на тутунските компании.
Како резултат на тоа се појавија и првите проблеми со преиспитување на легалноста на ова рекламирање, најпрвин во Австралија, а подоцна и во земјите на Европската Унија.
Болидот е обоен во традиционалната црвена боја, но веќе ја нема белата, која е заменета со црна и сива поради брендот Мисија Виноу, сопственост на Филип Морис.
Луис Камилери: "Болидот ја отелотворува најновата модерна технологија, ги одразува новите прописи за претстојната сезона и е плод на комбинираната огромна работа и талент на сите во Скудерија."
Џон Елкан: "#EssereFerrari значи да се биде дел од една приказна на која и нема рамна. Приказна која започна пред 90 години со упорностана нашиот основач Енцо Ферари, со неговата страст за трки... и Победи! Приказна која со секој нареден ден продолжува да живее."
Задниот дел на новиот Ферари е значително потесен за да се подобри аеро-ефикасноста на болидот. Редизајнирањето на компонентите на погонската единица и преместувањето на некои од нејзините помошни уреди доведе до намалување на габаритот, со што се овозможи многу покомпактен дизајн на каросеријата. Тоа допринесува за почист протокот на воздух кон задното крило.
Влезот за воздух над возачот сега има слична форма на онаа што беше на 2016 болидот, додека со работата на динамиката на течностите во внатрешноста на болидот се постигнало исто ниво на ефикасност на ладење како и на SF71H, притоа заземајќи помалку простор.