Во текот на вчерашниот ден, Чарлс Леклрек за прв пат седна во новиот 2019 болид на Ферари, кој ќе се натпреварува во новата сезона. Возачот од Монте Карло имаше сесија за финализирање на обликот на неговото седиште во кокпитот на новиот болид.
Додека беше во фабриката, Леклерк ја искористи можноста да се сретне со новоизбраниот директор на тимот, Матија Биното, и да се поздрави со останатиот дел од тимот, со кои за прв пат ќе работи на претстојната тест сесија во Барселона од 18 до 21 Февруари. Леклерк ќе биде првиот возач од Монако што ќе се трка во Формула 1 Шампионатот за Скудерија Ферари.
Новиот болид на Ферари, како што знаеме, ќе биде презентиран за точно една недела. Настанот ќе се одржи во Маранело, во петокот на 15 февруари во 10:45 часот, и ќе биде пренесуван во живо на веб-сајтот на Ферари. Презентацијата исто така може да се следи на каналите на социјалните медиуми на Ферари.
ПРВ КОНТАКТ НА ЛЕКЛЕРК СО НОВИОТ 2019 БОЛИД НА ФЕРАРИ
2/08/2019 12:07:00 PM
0
Share to other apps