Утрово, ден по Чарлс Леклерк, Себастијан Ветел беше во посета на Маранело за комплетирање на своето седиште за 2019 болидот на Ферари.
Германецот, кој има 13 Победи во боите на Италијанскиот тим и е третиот најуспешен возач на Ферари, по Михаел Шумахер и Ники Лауда, за прв пат седна во новиот болид со кој ќе атакува на Шампионската Титула за 2019 година.
Исто како и својот тимски колега, Ветел имаше средба со тимскиот шеф и извршен директор, Матија Биното, за подоцна да разговара со инженерите за претстојната сезона.
СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ СЕДНА ВО НОВИОТ БОЛИД НА ФЕРАРИ
2/08/2019 08:56:00 PM
0
Share to other apps