Кога имате поголем инцидент, како вчерашното излетување на Себастјан Ветел при 270км/ч, добро е да се знае причината што го предизвикала. По темелните испитувања на остатоците, инженерите на Ферари заклучија дека оштетениот бандаж непосредно пред излетувањето е директниот виновник.
Во денешната официјална изјава на Ферари се вели: "По темелните проверки откривме дека вчерашното излетување на Себ се должи на проблем со предното лево тркало. Бандажот од истото беше оштетен неколку секунди пред излетувањето по удар од непознат предмет."
Како резултат на загубеното време, Ферари ја реконструира својата тест програма за последните два дена во Барселона. Чарлс Леклерк и Себастијан Ветел сега добиваат по еден цел ден, наместо да го делат денот, како што претходно беше планирано.
ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ИЗЛЕТУВАЊЕТО НА ВЕТЕЛ
2/28/2019 02:03:00 PM
0
Share to other apps