Макс Ферстапен, возбудено изјави: "Беше многу забавно. Ова беше прв пат да возам картинг на мраз и тој беше доста брз. Мислам дека во еден момент возев преку 100 км/ч, во шеста брзина. Тоа беше одлично. Ако би го оценувал мојот дрифт, би си дал осумка. Ова беше една од најзабавните активности што ги направивме, имаше неколку навистина добри, но ова е дефинитивно едно од најдобрите мои искуства. Денес имав многу забава со Пјер и тоа беше одличен начин да ја започнеме сезоната заедно."
Пјер Гасли беше подеднакво ентузијастички расположен, со оценка на свјот дрифт 10 од 10: "Имаше неколку убави моменти со Макс, дрифтувајќи тркало до тркало. Ова беше навистина поразлично искуство од она што нормално би го имале на регуларна патека со Ф1 болид, па затоа е кул да се доживее вакво нешто. Сакам да се натпреварувам, но ова беше повеќе за забава и беше одличен ден поминат со Макс. Сега претпоставувам дека треба да најдам нешто забавно за него кога ќе дојде во Франција."












































