Остануваат уште две години, до почетокот на сезоната 2021, кога правилата и прописите во Формула 1 треба да претрпат сериозни промени. За таа цел на 26 Март во Лондон ќе биде одржан состанок на кој Чејс Кери и Жан Тод ќе им презентираат детален нацрт на новите регулативи.
Многумина веруваат дека ова мораше да биде направено многу порано, бидејќи основни цели на оваа промена беа објавени пред една година за Големата Награда на Бахреин. Значи иднината на Формула 1 ќе биде одлучена во наредните недели.
Едно од клучните прашања, како и секаде, е распрeделбата на финансиите. Помалите тимови велат дека не може неколку тимови да добиваат буквално сè, а остатокот да ги собира трошките.
Претходно, тимовите се согласија да ја намалат големината на буџетските ограничувања дискутирани претходно од 200 на 185 милиони долари во 2021, на 160 милиони долари во 2022 и на 135 милиони долари во 2023 и понатака.
Спортските и техничките правила и прописи за сезоната 2021 мора да бидат одобрени до 30 Јуни 2019 година.
КАКВА ЌЕ БИДЕ ИДНИНАТА НА ФОРМУЛА 1
3/19/2019 03:05:00 PM
0
Share to other apps