Тимот на Ферари имаше комплицирана трка за Австралиското Гран При, иако успеа да забележи 22 поени, а секој од тие можеби ќе бидат важни за крајниот исход во 2019 Шампионатот.
Двата нивни болиди ја финишираа трката, но на места кои сигурно не ги посакуваа. Беа далеку од формата која ја имаа во Барселона, дури и не беа во состојба да се борат за пласман на победничкиот подиум. Себастијан Ветел заврши на четвртото место, а Чарлс Леклерк, беше приморан на петтото место.
Моначанецот имаше подобро темпо во финалната фаза од трката, се доближи до својот тимски колега, но тимот одлучи дека возачите треба да ги задржат своите позиции кои ги имаа во тој момент. Според нив тоа го направиле поради тоа што болидите пред нив биле премногу далеку и затоа напад на подиумот не бил веројатен. Следната трка ќе се одржи во Бахреин по две недели.
Себастијан Ветел: "Ние не бевме задоволни со однесувањето на нашиот болид за време на целиот викенд, но, денес проблемите беа најизразени. Причината што бевме толку бавни во трката, најмногу, е поради фактот што немавме доволно грип низ свиоците со медиум гумите на Пирели."
"Како тим, забележавме пристоен број на поени, но тоа не е резултат на кој се надевавме пред само неколку недели. Во наредните денови, детално ќе ги анализираме податоците за да бидеме подготвени за следната трка, која ќе дојде за брзо време. Се надевам дека сите информации што ги собравме овде ќе ни дадат подобро разбирање на нашиот болид, но денес, овој постигнат резултатот е најдоброто што можеме да го направиме."
Чарлс Леклерк: "Имав добар старт, до степен до кој успеав да го поминам Верстапен, и се најдов себеси заедно со Себастијан, кој се бореше со Мерцедес. Тоа значеше дека морам да излезам надвор од патеката, со што му овозможив на Макс повторно да се појави пред мене."
"На почетокот, болидот не беше толку лесен да се вози и тоа доведе до тоа да направам мала грешка во првиот свиок, што ме чини неколку секунди. Затоа се решивме за промена на тврдите гуми, и морам да кажам, од тогаш па натаму, болидот многу се подобри и можев да притискам."
"Кон крајот, се доближив до Себастијан, но тимот одлучи да ги задржиме нашите позиции, со оглед на тоа што денес првите три места не беа во наш домет. Сега, ние ќе работиме со инженерите за да се обидеме да разбереме зошто не бевме толку силни како што се надевавме дека ќе бидеме."
Матија Биното: "Уште со почетокот на овој викенд во Мелбурн, ние не се чувствувавме пријатно на оваа патека. И покрај тоа што вложивме надчовечки напори во подесувањето на болидот, ние не успеавме да го најдеме вистинскиот баланс, па дури и нашите квалификациски перформанси покажаа дека се бориме да се прилагодиме на патеката Алберт Парк.''
"Потоа, во трката, се обидовме да држиме чекор со водечките, но тоа беше невозможно. Кога веќе бевме во таа ситуација, се решивме двата возачи да ги задржат своите позиции на патеката и не ризикуваат меѓусебен дуел. За трката во Бахреин, за две недели, ќе настојуваме да се вратиме на нашето вистинско ниво на конкурентност."
ФЕРАРИ - КОМПЛИЦИРАНА ПРВА ТРКА ОД 2019 КАЛЕНДАРОТ
3/17/2019 03:06:00 PM
0
Share to other apps