По четирите тест дена во Алмерија, Шпанија, Formula W(Формула Ж) Шампионатот и официјално ги доби првите 18 натпреварувачки за инаугуралната 2019 сезона. Освен забележаните времиња по круг, се оценуваше и нивната способност за работа со инженерите и разбирање во механиката на болидите.
Дејвид Култхард, Претседател на Советодавната Комисија на Шампионатот, изјави:
"Емоциите што ги предизвикува мотоспортот не зависат од тоа дали сте маж или жена. Јас искрено посакувам секој што го поминал овој избор да изгради професионална тркачка кариера на ниво што го дозволува нивниот талент."
"Денес сте чекор поблиску до остварување на вашите соништа, а сите инволвирани кои го овозможија тоа треба да бидат горди што им овозможија на овие натпреварувачки да се докажуваат на патеката."
Пред почетокот на сезоната, ќе се одржи една тест сесија, од 14-16 Април во Лаузицринг, Германија.
Тркачкиот календарот на Formula W се состои од шест трки, кои ќе се одржуваат во рамки на тркачките викенди на серијата DTM. Сезоната започнува на патеката Хокенхајм, Германија, на 3-4 Мај 2019 година.
Организаторите потврдија дека наградниот фонд на шампионатот ќе изнесува 1,5 милиони долари, од кои 500 илјади долари ќе ги добие Шампионката на инаугуративната сезона.
КОНЕЧЕН ИЗБОР ЗА 2019 ФОРМУЛА Ж ШАМПИОНАТОТ
3/28/2019 02:11:00 PM
0
Share to other apps